Дојди…и оди си

[fblike]race_majkatiitatkoti
Леплив здив
скокотлив и воздушест
како со пареа
по вратот ми црташ
и лизгаш
како капки солена вода
низ кожава се тркалаш
во нив се огледуваш
дур со раката
в коса нурната
длабоко како во море
во гривата сирени ми бараш
ловиш, како предатор
треперливи воздишки ми ловиш
дур ме лазат копнежи
и меѓу градиве траги оставаш
како обележан пат до срцево
со дланка
на грб залепена
толку блиску
и силно
како во мене да си
твојата пот
моја станува
а мојата
жедта ти ја гаси
ме допираш
полека
небаре времето застанало
ги крадеш деновите
и во ноќи ги претвораш
во твоите чекори
мојата сенка почива
мирна и тивка
во одот ја задеваш
дојди
и оди си
тука
и таму биди
до мене
и од другата страна на креветот
со отпечаток на перницата
и мирисот твој во неа втиснат
дојди
и оди си
тука
и повторно тука биди
дојди…
rimmel-baner mal
Посетено 2.051 пати