Да си најдеш чојк…
Да си најдеш чојк…
Што ќе го насмејт срцето…
Оти лицето , секој мојт да го насмејт …
Чојк што ќе те пулит ..
Појќепати , не еднуш..
Што ќе те барат ко чораб загубен..
Да немојт без тебе нигде да заминет ..
И све ќе прајт , за да ти е полесно ..
Ќе се смејт со тебе ко поулавен..
Не оти му се смејт , туку тебе среќна да те гледат ..
А тој сиромав .. Му тежи тежина ..
Еден тон , ама тебе не те дават ..
Туку со двете очи те пулит ..
Оти знајт ..Со тебе и лепчето блажи ..
И солта соли..
Со тебе , што те опулил еднуш ..
И те бендисал за навек..
Е зато ..Се ќе прајт ..
За тебе срцето да ти се смејт ..
И ќе знајш .. Оти то се познава ..
То е поинаку ..
То е сакање .. Што велат Љубов ..
И ништо помалце …
Оливера Ширговска
Посетено 4.103 пати