Еххх животе, што дочекавме…

Живот…

Живот не е Ирак, Авганистан, Либија….

Ќе појдеш една година – две и ќе донесеш печалба…

И ќе се расфрлаш со мускули наоколу како градски херој..

Животот поминал додека себе си ќе се рекламираш, а дома се случува драма..

Живот не е да глумиш лудило пред светот,

а дома се живее хорор во кој главните ликови се членовите на потесното семејство..

Живот со градските херои кои своите мускули ги билдаат в теретана и потоа се главна шема…

А се случува сценарио ,, СИВИОТ ДОМ “…

Живот живеен по шема на денешницата во која нема ни почеток ни крај..

Деца – одраз на родителите каде едни се обучени како војници …

Го подготвуваш за живот во кој ќе му се додели партнер кој ќе се закачи како крлеж и ќе се шлепа цел живот…

А војникот не се предава, до последно…

Ќе ги гледаш неговите суви солзи и ќе ти пука срцето..

Но…

А тие другите…

Галеничињата…

Тие ќе се шлепаат цел живот на трансакциите од ” ТАТЕ “, и другарките од “МАМА “, безработници кои освен себе си, не сакаат никого…

Самозаљубени нарцисоидни личности кои ќе ја исцицаат и последната капка крв, без око да им трепне…

Еххх животе, што дочекавме…

Шетачи со мускули…

Забави со тревки…

Богати момци со туѓа пот..

Девојки, моно штикла..

Родители – Брза помош…

Дедовци со украдена пензија..

Баби со слаба меморија..

Деца -принцови и принцези…

Се тоа урбано и со стил..

За пред народот…

А дома – се живее пеколот…

 

Оливера Ширговска 

Посетено 661 пати