Ете токму така се слуша кога срцето се крши

Се слуша
како гром
откорната гранка
удар во лим
детски плач
испуштена чаша
фрлен порцелан
тресок од врата
шамар
судар на автомобили
вресок
баботење
надојдена река
празни чекори
ете токму така се слуша
кога срцето се крши
кога во градите ти удира гром
и дрвото на љубовта
на две се расцепува
празен звук
и ништо
потем глуво е
како мртво
како во ковчег
без здив
светлина
како времето да запира
и ти запира крвта
застанува
замрзнува
небаре вода среде зима
глуво
мртво
слепо
немо
и дишењето
како твое да не е
како душата да ти лебди
над телото
над сета врева онаму долу
над срцето
над сеќавањето на звукот
на големото тик-так
тик-так
тик-так
тик

Посетено 2.561 пати