50 денари билет за едно возење, уште малку таксито ќе стане гратис, а не луксуз!

Стигнаа новите промени во ЈСП, новите билети за едно возење кои чинат САМО 50 денари. Како вчера да беше кога во билетара чинеа 30 денари, во автобус 35 денари. А, додека во приватните беше 25 денари. Па, приватните се споја со државните и оп пак поскапо за народот.

Пред 3 години, јануарски, започна европското влегување во автобус со електронските картички. Симболично, првата картичка чинеше 150 денари со 5 вожњи гратис. Па, многумина ги фрлаа, купуваа нови. Па настана хаос и на секаде фрчеа препораки да не ги фрлате, туку едноставно да ги надополнувате.

Минималната цена за надополнување на елекронскиот паричник е 100 денари, или 105 за 3 возења. А постојат и надополнување за 10 вожњи кои траат рекордни 15 дена и чини 250 денари.

Кој е луд, кој е нормален… поранешната картичка за десет возења чинеше 250 денари и траеше колку сакаш. Оваа само две недели. Па, што ако се разболам и не успеам да ги потрошам? Колку само возења пропаднале. Еве мајка ми пред некоја недела изгуби 6. Што кога ќе собереш парично и не е така малку, имајќи предвид дека не се случило само еднаш.

Плаќаш со мобилен, во ред. 40 денари возење. Но, што ако ти се исклучи телефонот? Како на контролорот ќе му објасниш дека си платил и дека магично од ладното време ти се испразнила батеријата? Мене ми се случи тоа, но среќа не дојде контрола. Инаку триста филмови ми се свртеа во главата. А казната не е нималку мала, ниту симболична – 1000 денари, пријатели. 1000 денари!

И тука доаѓаме до клучната ствар, онаа од насловот, таксито! Ако почетната цена е 40 денари, во старт е поевтина од билетот за едно возење, а згора на тоа ќе добиеш и попуст од 20% до 40-50 денари. И тогаш магично таксито станува многу поевтино од билетот за едно возење. Бидејќи 50 денари ќе платиш и за една и за 20 станици. Со таксито е поинаку и минималната цена е 70 денари. Се возиш сам, без гужви, и те носи до врата што се вели.

Па, луѓе мои, каде се тогаш мерките за загаденост? Каде е подигањето свеста кај народот за возење повеќе во јавен превоз, ако сума сумариум по некоја логика таксито ти испадне поевтино, иако треба да важи за луксузен превоз?

Сфаќате ли дека тоа ќе поскапи? А, стандардот е ист? Дека болните, бремените, изнемоштените, или оние кои брзаат некаде да стигнат, ќе бидат приморани да платат уште поголема цена за да стигнат онаму каде што навистина треба, во болница на пример. А, знаеме колку амбулатните коли се ажурни и доаѓаат за се’ и сешто.

Се’ се поскапува, а се’ друго поврзано со платите останува исто.

Сакаме да живееме европски, ама од европски, само цените ги имаме. Стандардот си спие. На Кипар цената на билетот за едно возење е 1.5 евра, а во Холандија 2-2.5. Кој е стандарот таму, кој е овде? Кои се платите таму, кои се овде?

И да воздухот ќе се исчисти. Еден ден… кога сите ќе испоумреме.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 11.030 пати