100 илјади ЕВРА за Дино, дечки, сериозни сте? Која црна „елита“ ја глумиме, а?
Нецела недела ме нема и сто ствари се исподешавале овие неколку дена. Ни денеска не планирав да пишувам, се надевав дека ќе се исценкам за уште еден слободен ден, пардон изгребам… Но, срце мое зајачко не издржа, па решив мушки да пристапам кон ситуацијава.
Како прво, не се обраќам спрема никого… ниту алудирам на некого.. зборувам од перспективата на еден млад сограѓанин кого дословно му се јебе за Дина Мерлина (немам ништо лично против него и неговата музика, одлично е за во мало друштвенце со вино, но мало… а, не на Новогодишна забава на плоштад!).
Прво што ми текна кога ја видов веста за помпезните 100.000 евра кои ќе ги добие Един Дервишхалидовиќ познат како Дино Мерлин е она осумчлено слепо семејтво кое е ОДБИЕНО за социјален стан. Зошто парите наместо за Дино, да не отидат кај Младеновски? Или пак кај таткото и петте деца кои биле оставени од мајката исто од околината на Куманово?
Потоа, на сиротата Јана Арсовска која ја изгуби горчливата борба со редок тип на рак! Онаа убава Јана за која се собираа донаци на велико. Точно знам што значи да собираш пари за донации и кој стрес го претерпува самото семејство, покрај засегантиот. Не верувам дека на овие досегашни три семејства им дошло до некаква „елитна“ забава на плоштад.
Зошто да се лечиме со донации? Зошто да лечиме со донации? Секој од нас барем знае еден ако не и повеќе случаи на успешни/неуспешни борби со разни типови на ракови и болештини! Колку сме ние моќни за да можеме другите да ги спасиме? Колку? Помнам за кои успешно беа собрани пари, но предоцна. Помнам за успешни, но и за оние кои не успеаа едноставно… затоа што тогаш стануваат ситна риба во океанот, не во морето.
Мене искрено не ми е дојдено ниту за Дино, ниту за Цеца, ниту за Карлеуша, ниту за сета естрадна балканштина! Зошто да не поминеше се’ како минатата, без забава? Кој уопште ужива да оди на таа забава? Јас одамна не одам… ем поради тоа што е кочан ладно и поради некултурното фрлање петради, ако можам како такво единствено да го условам.
Мене не ми е дојдено до нив… зошто ајде да не направиме нешто кое ќе стимулира наш млад бенд, пејач? Сигурно нема да ве чини 100.000 евра. Не… на ТОЈ/ТАА нема да му е дојдено за три мали гарсонењери или луксузен трособен стан… НЕЕ… ќе се задоволи и со 10 пати помалку од тоа, а ако е људина и тие пари ќе ги донира. Не е прв пат, не бладам, нели? (не мислам за новогодишниве забави, него воопшто).
Мене ми се јебе за НАЈЛУДАТА НОЌ во годината. Планирам да ја поминам саканиот со винце, некое музиче или филмче, руска и кифлички, по некое блакце… и толку.
Ми се јебе бре за сите тие ЛУДИ журки со ЛУЃЕ (НЕ)ЛУЃЕ… Поминав многу Нови години со такви, нека хвала. Не треба ми.
Ајде… да стимулираме подобра иднина, ајде да стимулираме крај на сиромаштијата и бедата… ајде да ја стимулираме младината… ајде, ама не на ваков начин.
*Текстот е политичка пропагадна или како-год.
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира