Ќе речеш детиште недораснато шутира, ама возрасен, па уште и на функција?

Не помина долго време откако имавме можност да видиме како тинејџер шутира недолжно куче, сега имаме можност да видиме како независен советник од Македонски Брод шутира куче без око да му трепне.

Прво, е возрасен човек кој би требало да биде пример за своите деца, но наместо тој решава да го шутне кучето кое си лежи мирно пред локалот, сосема мирно.

Првата помисла е: Дали некогаш без разлика кој каква функција има, ќе подлежи на одговорност? Дали и оној тинејџер кој за неколку месеци ќе наполни 18 години ќе одговара? Дали без разлика на професијата и моќта која ја поседува секој што врши насилство врз послабиот ќе одговара?

Како независен/зависен советник треба да одговара најпрво пред НАРОДОТ бидејќи тој го избрал, тој треба и да му пресуди за функцијата.

Затоа што се додека се молчи за секаков вид на насилство, ќе имаме луѓе кои се умислени дека се богови. А, не се. Никој не е. Никој не може да се изживува врз ДРУГ ТУЃ ЖИВОТ. Животното носи живот во себе.

Дека нема ни грам совест во себе, ниту пак јавно се извини за својот чин, говори неговата срамна изјава: „Остај ме да спијам, ајде“.

Господинот сакал да се одмори, не бил арен, сакал да спие. И кучето сакаше да спие, но наместо спокоен мир под врнежливото небо бидејќи видно се забелжува вода околу импровизираното легло на кученцето.

За крај, еден цитат: „Понекогаш каменот е помек од нечии срца“, засега за нас од непознат автор.

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.272 пати