Зошто се уште не сте богати?

Сигурно сакате живот од соништата, но живеете обичен живот и се задоволувате со просечноста што е многу погрешен начин како треба да го користите секојдневието. Зошто не излезете надвор од кутијата, зошто не сонувате, зошто не се обидете да ги остварите вашите соништа кои ви надоаѓаат на перница секоја вечер?


Верувајте доколку тргнете кон тој пат на остварување на се што посакувате, само небото ќе биде граница за вас, а тие ваши соништа сами ќе ви го донесат животот од соништата.

Бидејќи се работи за живот од соништата, сигурно дел од него вклучува материјална стабилност и богатство кое го немате сега, а зошто тоа е така ќе ви откријат овие причини во кои сигурно ќе се пронајдете.

Немате соништа

Соништата се клучот до богатството, не само што ќе ве исполнат духовно доколку ги остварите, туку и материјално.

А верувајте парите се послатки кога произлегуваат од нешто што обожавате да го работите.

Доколку немате соништа, за почеток започнете да сонувате, нивната реализација сама ќе ви се нацрта пред очи.

Немате мотивација

Имате соништа, но немате мотивација?

Вашата среќа и задоволност самите од себеси треба да ви бидат доволна мотивација за да го направите првиот чекор.

Запомнете сите долги патишта се започнати со еден мал, прв чекор, направете го вие денес тој чекор на патот до вашиот успех.

Немате храброст

Имате соништа, имате мотивација, но се плашите од неуспех?

Ниту тоа не е нешто што не се надминува, запомнете храброста треба да ви биде како религија, научете како да ја почитувате.

Не постои неуспех, самиот збор во себе го содржи зборот успех, сигурно ќе успеете во тоа што го сакате бидејќи сте родени за да го направите истото.

Немате самодоверба

Сте започнале нешто или се двоумите да започнете, но самодовербата ве изневерува кажувајќи ви дека можеби нема да успеете.

Повторувајте си секој ден дека таа нема да ве успее да ве премисли, после краток период верувајте таа наскоро ќе се придружи во остварувањето на соништата.

Се потценувате

Колку пати сте помислиле дека не сте доволно добри за да направите нешто што отсекогаш сте го посакувале, плашејќи се истото да не биде онака како што сте го замислиле?

Сигурно многу пати досега, но запомнете дека животот ви го дава она што го заслужувате и може да го искрепите во моментот, никој не е за потценување, ако вие се потценувате себеси, што останува за другите.

Не излегувате од вашата кутија

Гледате само право, не сакате да го проширите видикот надвор од границите на вашата кутија, сте заспале во вашата комфортна зона и не планирате да се разбудите.

Доколку го практикувате ова, веднаш превземете нешто и тргнете кон непознатото, бидејќи соништата нема сами да се остварат, ниту пак парите сами нема да паднат во вашиот новчаник.

Немате високи цели

Доколку вашите соништа не ве плашат, тоа значи дека не се доволно големи!

Реченицата е кратка и јасна, поентата сложена и гласна, промозгајте и продолжете да сонувате.

Немате силна психа

Мислите се она што не одразува, доколку веруваме дека нема да успееме, нема да успееме, доколку не веруваме дека ќе бидеме богати, цел живот ќе останеме сиромашни, доколку веруваме дека соништата нема да се остварат, тие засекогаш ќе бидат само соништа.

Верувајте во се спротивно и направете ја вашата психа посилна од претходно, само така ќе успеете да остварите се што сте посакувале и да уживате во материјалното, покрај тоа што ќе бидете исполнети духовно.

Посетено 3.297 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!