Зошто се чувствувате уморни после јадење?

Нема ништо подобро од „кратка“ дремка после голем оброк. Веројатноста дека сите така се чувствуваме е голема. Но, дали сме мрзливи? Се чини дека нема потреба за секирање. По се изгледа дека постои биолошка причина за тоа!

Како сето тоа функционира?!

После секој голем оброк, вашето тело реагира во насока на варење на храната. Јадењето предизвикува верижна реакција во мозокот, кој го пренасочува протокот на крв и енергија, за варење и апсорбирање на храната за потребите на телото. За време на варењето на храната, вашето тело ја разложува храната на хранливи материи. Ова предизвикува пораст на шеќерот во крвта што го поттикнува вашиот панкреас да ослободува инсулин во крвта. Инсулинот ја зголемува количината на серотонин и мелатонин, две хемикалии поврзани со поспаност, кои го преплавуваат мозокот.zosto-se-custvuvame-pospani-po-jadenje

Која храна ве прави да бидете најпоспани?

Одредени видови храна повеќе го оптеретуваат вашиот организам и го тераат тој да работи „прекувремено“. Храната на која и е потребно подолго време за да се свари и разложи на основни хранливи материи, обезбедува бавен, но, постојан прилив на енергија. Од друга страна, храната што се вари побрзо предизвикува брз скок на енергијата, а потоа следува неизбежниот пад на енергија, кој пак, предизвикува да бидете сонливи.

Високо гликемиско пре-оптоварување

Во високото гликемиско оптоварување со скроб можеме да го бараме главниот виновник за поспаноста. Белиот ориз, компировото пире, соковите, белиот леб, колачите, бонбоните, сладоледот  и слични намирници се виновници за ваквото чувство. Овие јаглехидрати го покачуваат нивото на шеќери во крвта многу брзо, што резултира со ослободување на голема количина на инсулин, кој го намалива шеќерот во крвта, а со тоа се намалува нивото на енергија. После вакви нагли подеми и падови на шеќерот во крвта вие се чувствувата како издишан балон.

Храна богата со масти

Храната која содржи големо количество масти е уште еден голем поттикнувач за поспаност  после оброците. Хормоналниот и нервниот систем во телото, по секој оброк од типот пржена храна, месо со висока содржина на масти и масни грицки, како што се чипсовите, реагира во насока на варење на храната и предизвикува пад на енергија и поспаност.

Кофеин

Кофеинот, изненадувачки, е уште еден виновник. Иако попладневното еспресо може да ви даде брз скок на енергија, тоа може да доведе до поголема поспаност, гледано во подолг рок. Во студијата изведена во 2014 година, истражувачите анкетирале 3.000 тајландски студентите и откриле дека енергетските пијалаци, всушност, почесто можат да  те направат поспан, отколку да те расонат. Во оваа студија се наведуваат и други здравствени проблеми кои се јавуваат при долгорочното конзумирање на пијалоци богати со кофеин. Во овие нус-појави се вбројуваат: главоболка, проблеми со срцето, па дури и ненадејна смрт.

Други причини

Понекогаш, не е толку важно што јадете, туку колку. Прејадувањето го преоптоварува вашиот систем, а тоа навистина може ви ја испие целата енергија. Мала здрава ужина помеѓу оброците овозможува да се задржи нивото на енергија во телото стабилно, а со тоа да се спречи прејадувањето во текот на оброците. Дијабетес, дебелина, анемија, неактивна тироидната жлезда, целијачна болест, нетолеранција на храна и апнеа при спиење можат да ја влошат пост-оброчната поспаност. Ако имате било кој од овие или други хронични болести и ви се спие после јадење, консултирајте се со вашиот лекар за да се види дали тие би можеле да бидат фактор. Некои истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон може да доведе до прекумерна дебелина и проблеми со спиењето. Овој маѓепсан круг можеби е тежок да се разбие, но губењето на вишокот килограми може да ви помогне да спиете подобро во текот на ноќта и да бидете сконцетрирани и спремни за работа  во текот на денот.

Повеќе информации за правилна исхрана, можете да пронајдете во некоја од колумните на pharmanews.mk.

mondivi_baner_wide

Посетено 1.943 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!