Зошто независните и силни жени се најдобри девојки

Stocksy_txp7596b232Aeq000_Small_860002-795x400

Понекогаш имаме проблем со тоа зошто некои мажи имаат одредено мислење за жените. Додека се обидуваме да останеме подалеку од стереотипите, вистината е дека луѓето сепак се дел од разни стереотипи во кои веруваат. Тоа се случува зошто тие сакаат да имаат стереотипи и впрочем можеби и нема ништо лошо во тоа доколку ви помага при вашите одлуки во животот.

И можеби постојат тип на жени за кои не вреди да трчате. Тоа се оние типови на жени кои целата своја енергија ја насочуваат кон нивниот изглед, оние кои воопшто немаат некакви вистински цели (освен да се омажат за човекот кој ќе се грижи за нив) и оние кои го гледаат своето тело како средство за добивање одредени работи во животот.

Се разбира, доколку сте жена која многу добро изгледа, лесно е да западнете во замката каде што ќе мислите дека со вашиот изглед може многу да добиете.

Настанува проблем и од двете страни. Мажите бараат жени кои ќе бидат нивниот трофеј, а жените пак бараат да бидат жени како трофеј.  Ние сме заглавени во еден свет каде што мажите ги третираат жените како играчки, а жените пак не се противат, туку го прифаќаат тоа.

Луѓето се борат за својата независност од кога постои човештвото. Па, зошто некои одбираат да не бидат независни и зошто тоа го дозволуваат? Сите ние можеме да бидеме свои луѓе. Сите ние можеме да си имаме свои соништа.

Потребна ни е независноста како би се пронашле самите себеси.

Што повеќе сте независни, толку повеќе ќе бидете…свои.

Поради сето ова силните и независни жени се најдобри девојки исто како што и независните и силни мажи се најдобри партнери.

Партнерот кој е независен се среќава со различни искуства кои понатаму ќе му помогнат во животот.

Важно е да се знае дека кога се работи за романтична врска, целосна независност не е возможна. Според дефиниција, една врска мора да ја содржат две личности. Со други зборови, вие нема да можете да бидете целосно независни доколку планирате да бидете во една вистинска сериозна врска. Љубовта самата по себе е еден вид на зависност.

Се е до балансот. Не можете да сакате некој друг додека не се научите да се сакате себеси. И додека не научите да бидете независна индивидуа никогаш нема да бидете среќни.

Но, ако размислите околу ова, што значи да се биде независен?

Секогаш тоа ќе зависи од вас.

Гледате? Секој зависи од некого.

Посетено 2.553 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!