Зошто луѓето кои најмногу ги мразиме се најчесто оние кои најмногу ги сакаме
[fblike]Јас се сомневам дека сум единствениот кој не ги сака повеќето од луѓето. Прилично сум убеден дека повеќето луѓе не ги сакаат другите, што ако размислите, е забавно и интересно само по себе.
Концептот за нештата кои ни се допаѓаат или не ни се допаѓаат е исто така интересен. Можеби помислувате за тоа дека таквиот клучен процес кој управува со сите наши одлуки може да биде објективно мерлив. Но, како и да е, не е.
Кога кажуваме дека нешто ни се допаѓа или не ни се допаѓа, не велиме дека индивидуалците се симпатични или не.
Не велиме дека нешто или некој е симпатичен или антипатичен, туку велиме на мене или нам ни се допаѓа или не ни се допаѓа тоа нешто или некој. По природа е сосема субјективно нешто да ви се допаѓа или да не ви се допаѓа. Вистинското прашање е “Зошто е тоа важно?”
Важно е бидејќи во зависност од тоа кој или што сакаме покажува за нас многу повеќе од што би покажале тоа нешто или некој под микроскоп. Се разбира, ние можеме да веруваме дека причините кои ги имаме за да сакаме или да не сакаме ќе бидат прифатени од сите останати, но факт е дека тоа нема да се случи.
За секоја личност која има дефинирано мислење, можете да најдете најмалку една која го има токму спротивното мислење. Како што веќе заклучивме дека тоа што сакаме или не сакаме некој е субјективна работа, а во исто време претставува и ништо повеќе од само наше мислење.
Добро и лошо не е исто со нешто што ни се допаѓа или не ни се допаѓа. Постојат луѓе во светот кои го сакаат лошото-дури и покрај тоа што тоа е поради некои расипани причини, лошото дава некои чувства на задоволство кои ги доживуваме кога доаѓаме во контакт со некој или нешто што ни се допаѓа.
Единствениот начин на кој дознаваме дали некој ни се допаѓа или не е според тоа како тој некој или тоа нешто прави да се чувствуваме.
Неверојатно е што дури и најмалите нешта можат да пробудат чувства во нас. Друго нешто што е уште поневеројатно е длабочината на нашите чувства и како другите човечки суштества можат да ги достигнат тие длабочини.
Можете да сакате или да не сакате некои нешта, но луѓето можете само да ги сакате или да ги мразите. Само луѓето се способни да пронајдат такви креативни начини кои не иритираат.
Постои една компликација која ни отежнува да ги разбереме љубовта и омразата. Бидејќи тие се толку возвишени состојби на емоции, понекогаш се случува и да се преклопуваат, што ни отежнува да ги разграничиме.
Вистината е дека не можеме секогаш да направиме разлика помеѓу љубовта и омразата. Чувствата не се разликуваат како црно и бело, тие се всушност измешани коктели кои се служат во баровите- помешани голем број на различни состојќи и на крај даваат една уникатна единствена емоција.
Сепак, не можеме да кажеме дека секоја личност која ја мразиме, во исто време и ја сакаме. Не бидете смешни. Но, понекогаш и тоа се случува. Најчесто помеѓу двајца љубовници, или подобро кажано- двајца поранешни љубовници.
Кога ќе се најдете во таква ситуација, важно е како ги интерпретирате чувствата кој ги носите во себе и кои ја прават таа разлика.
Доколку протолкувате дека тој коктел од љубов и омраза е првично составен од љубов, тогаш се надевам дека ќе научите од искуството, ќе се изградите како личности и ќе продолжите во здрава врска.
Од друга страна пак, ако сметате дека преовладува омразата, тогаш се одрекувате од вашата љубов и ставате крај. За жал, тоа е толку често што не можете да постигнете. Дозволете ми да ви објаснам.
Кога ќе разбереме дека со тоа што сакаме или мразиме некој повеќе зборува за нас отколку за дадената личност( исто како случајот кога нешто ни се допаѓа или не ни се допаѓа), тогаш кои се тие нешта во кои веруваме што можат да предизвикаат таков емоционален одговор од нас?
Голем број на работи кои имаат многу мала поврзаност со нас можат да предизвикаат силни чувства во нас. Работите за кои имаме најсилни чувства се токму оние во кои ние директно сме вклучени.
Тоа се нештата за кои ние веруваме дека му користат или му шетат на нашето его и ги предизвикуваат таквите интензивни емоционални реакции. Размислете за тоа. Ги сакаме луѓето кои ги сакаме бидејќи тие го задоволуваат нашето его или бидејќи ја потврдуваат нашата лична вредност со тоа што не сакаат за возврат.
Сакаме да сакаме бидејќи сакањето е исто толку блиску до несебичноста како и посакувањето до копнежот. Сакаме за да бидеме сакани и тоа прави да се чувствуваме подобро.
Ова значи дека ние ги мразиме луѓето бидејќи тие го повредуваат нашето его на некој начин. Тие можат да не напаѓаат или да не понижуваат. Тие можат да не не почитуваат или пак само да не искористуваат, омаловажувајќи не во целиот тој процес. Или, можат да ни кажуваат некои вистини кои ние не сакаме баш да ги слушнеме.
Така е во врска со егото… толку е силно и издржливо, но на првата препрека, веќе фаќа магла. За да сакате некој искрено, треба да му дозволите пристрап до вас, целосен пристап. Таа личност треба да ве познава и однадвор и одвнатре.
Проблемот е што кога ќе дозволите некој вистински да ве запознае, таа претстава не се совпаѓа целосно со претставата која вие ја имате за самите себе. Ако нејзината или неговата верзија не е толку спектакуларна како вашата, тогаш треба да сте доволно зрели и интелегентни за да не се навредите.
Се се сведува на личноста која сте и на личноста која верувате дека сте. Повеќето луѓе – статистички, голема е веројатноста и вие да сте еден од нив- одбиваат да погледнат во каква личност се претвориле. Голем број на луѓе пак не сакаат да знаат, или пак се премногу исплашени да дознаат со што треба да се помират.
Правиот проблем се појавува кога ќе најдеме личност во која ќе се вљубиме. Повеќето луѓе не укажуваат на недостатоците на другите.
Кога ќе почнете да излегувате со некој веќе некое време и ви е убаво во врската, тогаш вашиот партнер е обврзан да ви ја покаже страната која вие не сакате многу многу да ја споменувате.
Во овој случај, повеќето луѓе се чувствуваат навредени, повредени и тажни- можеби дури и ќе ви вратат. Работите ескалираат и љубовта која некогаш ја чувствувавме сега преминува во омраза.
Сето ова може да се избегне само ако сме доволно возрасни да сфатииме дека е во ред лицето кое го сакаме да ни укаже на нашите недостатоци и слабости.
Тие не го прават тоа за да не повредат или навредат- иако ова варира од личност до личност- туку ни овозможуваат да се видиме на начинот на кој сите останати не гледаат. Тешко е да добиеме целосен преглед на нашите животи од лична перспектива, потребен е некој за да ни помогне.
Наместо да го мразите вашиот љубовник затоа што ви укажал на некои недостатоци, побарајте од него или неа да ви помогне заедно да работите на нив и да ги поправите. Ако се тоа вистински недостатоци треба да сте среќни што сте ги откриле порано.
Врските се партнерства, а партнерстава единствено вредат ако и двете страни работат на подобрување на понатамошниот успех. Можеби вашиот инстинкт ви вели дека треба да ги мразите оние кои го повредуваат вашето его, но сметајте и на тоа дека вашето его не е способно само да ја води целата таа трка.
Тоа не е вооружано со такви комплексни резонирања- тоа само одговара, никогаш не делува проактивно. Можете да го слушате вашето его, но на крајот од денот потребно е рационално да размислувате за да донесете правилна одлука.
Пред да ставите крај, осигурете се дека личноста која некогаш сте ја сакале и која сега ја мразите, не е најдоброто нешто што може да ви се случи.
Посетено 4.766 пати