Зошто Да Ти Се Молам, Не Си Икона
[fblike]
Не сум јас таа што ќе плаче по тебе ако ја оставиш,
одамна солзите пресушиле, впрочем што се тоа солзи?
Тоа беа оние мали водени, тркалезни кои го натопуваат твоето лице и ја мијат твојата тага, олеснителни во депресија?
А што беше депресија, одамна сме скарани со тој поим, а богами и состојба.
Ми пререче нешто и доби шамар, повеќе не се врати!
Не сум јас таа што ќе жали ако ја оставиш, зарем си единствен?
Нема ни да бидеш, ниту прв, ниту последен, исто и јас за тебе.
Не сум јас таа што ќе те моли да останеш, зошто да ти се молам, не си икона.
Не сум јас таа што ќе биде љубоморна на твоите намерни испади, исчезнувања, игнорирања, дежа ву, веќе видено, не се ни обидувај…
Клише, кич, што уште не, нема збор кој би опишал како се чувствувам кога некој ми прави филм кој јас сум го режирала.
Не сум јас таа што ќе те остава безброј пати, бидејќи те сакам, а кога некој сакаш не го оставаш, седиш и трпиш, се обидуваш да голтнеш и кога залакот е голем, но голташ, не се откажуваш.
Во спротивно би се задушил, немаш избор.
Но, тоа е само кога САКАШ некого, запомни…
Посетено 1.885 пати