Зошто да изневеруваш кога со една личност можеш да имаш се

Колку што повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе си го сакам кучето, не за џабе некој паметен го рекол ова и станало хит меѓу паметните. Кога подобро ќе размислам станало хит меѓу сите, бидејќи сите мислат дека се паметни, но ретко кој кога ќе се запознае самиот ќе рече дека е подобар од едно куче или попаметен од него.

zosto-da-izneveruvas-koga-so-edna-licnost-moze-da-imas-se-1

Луѓето се гнасни, скапани, не зборувам за сите зборувам за оние на кои тоа им се чита во очите, а лицето им кажува друга приказна.

Зборувам за оние кои во срцето кријат изневерување, иако глумат верност пред партнерите, зборувам за оние на кои им се здосадило убавото па тргнале во потрага по нешто злобно, грдо кое ќе ја одрази нивната душа.

Го знам сето ова и го гледам бидејќи мислам дека имам некое шестто сетило кое сите го игнорираат во себе, сите го имаат, ретко кој го прифаќа она што тоа сетило го детектира.

Можеби и јас сум била во мал процент како тие луѓе кои сега ми се гнасни, но тоа било само експеримент, невин флерт за да видам до каде би терале, а би терале до крај.

Зошто да изневеруваш кога со една личност можеш да имаш се?

Не е ова реторичко прашање, ова е прашање упатено до тебе, ти кој размислуваш да ги фрлиш сите мигови само поради еден обичен момент кој ќе трае секунда, а ќе ти ја печи совеста вечност.

Ти зборувам тебе, ти што сакаш, пардон ти што не знаеш што сакаш.

Одлучи се веќе еднаш, бидејќи ничии чувства не се за играње, ничија љубов не е за трошење, ничија доверба не е за кршење, ничија душа е за пустење, ничие време не е за трошење.

Ако сакаш, сакај како куче, кучето секогаш е верно до гроб, се додека самото не си замине или стопанот не го избрка.

Не сакај како човек, бидејќи секој го може тоа, луѓето се гнасни, верноста е белина која им ги заслепува очите, а тие сакаат да “гледаат”, не сакаат да се “слепи”.

Посетено 19.375 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!