Живот без сакање-живот ли е?

par_majkatiitatkotiСреќен човек да си засакаш кукле. Среќните луѓе не наоѓаат маани. Тие научиле дека намќорите никого не сакаат. Ситничарат и мрморат, ти ја полнат душата со отрови. Затоа, среќен човек да си засакаш. Дека среќниот човек и тебе ќе те прави среќна. Среќниот човек ќе ти ги избрише грижите и од душата и од лицето и ќе ти нацрта една насмевка шо не се брише кукле. И солзите сите ќе ти ги испие. Така да знаеш кукле, со среќниот човек солзи само од смеење може да ти течат. Затоа не се загледувај многу многу по скапа облека и голема кола. Тоа нека гледаат „оние“ другите девојки. Оние за кои среќата е во нештата со кои можат да си го накитат телото ама не и душичката. Остај ги нив. Ти глеј си во насмевката. Дека среќниот човек не е насмеан само со усните кукле. Душата му е насмеана, разбираш? Затоа така јако зрачи. Затоа и тебе се ти оди на смеење во негово друштво. Види кукле, ќе дојдат така едни тешки денови кога скапите работи нема да знаат да те утешат. Ама среќниот човек ќе знае. Парче од својата душа ќе си скине и како квасец шо потквасува тесто, ќе ти ја поткваси душата со среќа. И ќе светнеш пак како нова. А светот околу тебе ќе мрази се и ќе плука на секого. Па ќе те тера и тебе да мразиш. А ти сети се кукле тогаш на среќниот човек шо си го имаш. И кажи им на сите дека тој толку ти го исполнил срцето со среќа шо не собира ни грам од нивното мразење. Кажи им тогаш кукле – Луѓе мили, живот без сакање, живот ли е?

Посетено 14.240 пати