Зимска Колиба Од Соништата “Ormello” – Кушевел, Франција

1

Зимската убавица во еден од најлуксузните европски скијачки центри – колибата “Ormello” во францускиот Courchevel

За да ја поминеш зимата фино, најубаво е да и побегнеш.  Ете баш такво место за праење бегство е ова што го пронајдовме во Франција, да се разбереме, коа е нешто ексклузивно не важи она “зафрканција у Франција”. Местото  најдобро да е пријатно и топло, а од таму релаксирано да си ја гледате зимата.  Доколку ве опкружува добро друштво, тоа би било перфектно….се разбира ако сте баш на тоа место.   Ова е едно од оние места во светот кое душа дало за божиќна вечер или дочек на Нова Година, сеедно, а може да биде и најобичен зимски распуст.   Courchevel иначе се изговара Кушевел е скијачки центар кој се наоѓа на француските алпи. Овој елитен дел на Европа е наменет за сите љубители на скијањето како и на забавата која можете да ја најдете во изобилие, особено во волшебна колиба Ormello 

2

Колибата Ormello е прогласена за една од најубавите, а според цената и една од најскапите во Кушевел.  Изнајмувањето чини 120.000 евра неделно.  Преголема  сума за зимување , но во таа цена спаѓаат бенефициите кои следуваат во форма на внатрешен базен, соба за масажа, кино сала како и сопствен кувар со персонал и сопствен возач кои се на располагање за време на целиот ваш престој.

3

На 1000 m² со 9 спални соби, колибата Ormello може да смести  15 луѓе, а се наоѓа на само неколку метри од познатата патека Bellecote. На своите гости им нуди неверојатна поврзаност на луксуз со акцент на традиција и комфор на модерниот живот. По комплетното реновирање кое линеше околу милион евра, колибата Ormello својата нова сезона ја започна во 2009. година.  Ова волшебно зимско “катче” нуди пријатен дневен престој во кој може да ги прими сите гости истовремено, да им овозможи доволно место за вечерно заедничко дружење и поглед на белите врвови кој ве оставаат без здив.   

4

Замислена е како идеално место за семејство и поголемо друштво кои можат да уживаат и да се опуштат во внатрешниот базен, јакузито, собата за масажа и фитнес, додека децата можат да отидат во светот на бајките во една од двете прилично големи игротеки кои се простираат на двата ката.  Истотака, две кујни со трпезарии овозможуваат на групите да се разделат во одредени моменти доколку тоа го сакаат. Колибата Ormello е место кое ви пружа потполн зимски одмор како од бајка.travelbooking mk BANER patuvanje                                          Ormello, les Airelles’ private chalet

 

Посетено 1.498 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!