Женски рулет – трет дел

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/objavi/zenski-rulet-vtor-del/”]Прочитајте го вториот дел[/button]
zenski-rulet-tret-del
„Вечер сме кај Тања на роденден, само да те информирам,“ – рече Тијана пред да спушти телефон.
„Ти да не си ретардирана?“ – луто ја праша Кире. „Каква црна Тања, нели ти реков дека ми скара уште онаа вечер и дека не зборуваме.“
„Епа очигледно не ти се лути повеќе, бидејќи експлицитно ми нагласи да те поканам и тебе.“
„Што ја ебам дали она мене ми се лути, јас нејзе ѝ се лутам и нејќам сурат да ѝ видам!“
„Аман бе, што толку сте се спукале?“
„Не е ни битно, колку и да сум згрешил нема право после толку години дружење да ме отера у курац како да сум некој клошар од улица. Имам и ја право да се лутам, пошто длабоко ме повреди и навреди.“
„Ај молим те не биди жена. Глупости живи. Ќе отидеме колку да ѝ направиме чест и крај и после продолжуваме во град.“
„Теорија нема.“
„Јас те собирам у 10, ич гајле не ми е. Чао!“ – рече Тијана и спушти слушалка.
Жени, си помисли Кире и почна да пцуе во себе. Три месеци поминаа откако Тања го остави гол на креветот и сега, одеднаш, тој е свечено поканет на роденден како ништо да не било.
Наредниот ден од бес ѝ пиша на Тијана да се видат. Не можеше да престане да мисли на Тања и знаеше дека ако не дејствува во друга насока во скоро време дека повторно ќе се заљуби во неа и ќе почне да спобудалува.
Со Тијана бргу си се погодија. Сексот им одеше, муабетот исто така, двајцата беа хиперактивни, знаеја точно што сакаат и кога – со еден збор, идеално. Првите месец дена летнаа бргу, останатите два веќе беа рутина. За надворешниот свет, а богами и за нив изгледаше како да се цел живот заедно.
Тања целосно ја снема од неговиот живот, што нему конкретно му се допаѓаше, а постепено и Кате и Фросина почнаа да се повлекуваат кога видоа дека тој ѝ се беше посветил на Тијана. Светле по некое време се врати во нивно друштво бидејќи почна да се гледа со Ангел и сè некако си дојде на место. Сè до овој момент.
Почна да го фаќа некоја нервоза, повторно стана анксиозен како кога ја имаше запознаено Тања. Нема да одам и точка, си помисли во себе. Не, ако не одам, само покажувам дека тука има нешто повеќе, дека ми е страв од неа, а не ми е, нема зошто да ми биде страв кога си имам девојка која… и тука му застана мислата. Не можеше да ја доврши реченица, не можеше ни сам на себе да си се излаже дека ја сака Тијана. Сите показатели насочуваа кон тоа дека мора да се соочи со Тања, бидејќи знаеше дека ако продолжи да потиснува тоа што го чувствува за неа дека на крај ќе биде само полошо.
Се реши, ќе оди храбро, но не без помош. За таа намена секогаш тука му беше чичко Џек. Си го крцна вратот, си седна во кожната фотелја, си пушти блуз и почна да пие. Не помина ни половина час, му дојде инспирација и стана да земе тефтер и молив. Почна да црта како луд и целосно се изгуби во време и простор.
Не ни забележа колку е часот кога некој му заѕвони на вратата. Во тој момент како програмиран фрли поглед кон ѕидниот часовник и сфати дека е 10 часот, а дека Тијана е веќе тука. Ја откина страницата од тефтерот, ја свитка на две, ја пикна в џеб и тргна кон вратата. Отвори врата и налета на изненадениот поглед од Тијана која како да го прашуваше со очите зошто сè уште не е облечен.
„Знам, знам, се запив и ми дојде инспирација и почнав нешто да цртам и….“ – почна да се правда Кире.
„Добро, у реду е, не објаснувај, иди облакај се, касниме!“ – го пресече Тијана.
„Затоа те сакам,“ – рече насмеано Кире – „бидејќи не си гњаватор!“
„Ајде, и јас те сакам пошто си скот неодговорен, ама сум те прифатила како таков и не ти мрчам. Гитла, спремај се!“
Кире беше готов за пет минути и се упатија кон Водно. Музика ечеше на сите страни кога пристигнаа во куќата на Тања. На трите ката имаше три различни диџеи кои пуштаа различна музика.
„Тања, жива не е ако не направи спектакл од роденденот.“ – низ смеа кажа Тијана.
„Размазено детиште!“ – со цинизам искоментира Кире.
„Ајде сега и ти, немој глупости да правиш, те гледам дека си малку пивнат, биди мирен. Ќе џапнеме пијачка, ќе се поздравиме и си одиме. Нема потреба од инциденти и скандали.“
„Ти поздрави се, ја идам другар ми Џек да си го најдам.“
Кире како да беше дома, веднаш се снајде низ куќата, грабна шише Џек Даниелс, се качи на третиот спрат, најде празно место на каучот и си се смести. Не поминаа ни пет минути се појави и Петар.
„Не ме јеби, ти си тука?“ – рикна Петар на глас.
„Зошто да не бидам, бе? Поканет сум, не ми се понашај многу!“
„Поканет си? Да не дојде по нерасчистени сметки?“
„Ич не се замарам, затоа не ме замарај ни ти, може?“
„Пер, знаеш дека мене ми е многу смешна ситуацијава, не можам да не јадам бурек.“
„Ама можеш да јадеш ќотек ако продолжиш.“
„Уште трипаш по неа?“
„Не трипам… многу.“
„Брат, оди си, што си дошол со цел памет.“
„Е што бе, ќе се кријам ко пиче некое? Ме викна на роденден, еве сум. Мушки до крај.“
„Се поздравивте?“
„Јок! Сакав прво со другар ми Џек да се поздравам.“
„Клен си брат, осеќам дека ќе направиш некоја глупост. Да те пазам сакаш?“
„Не сум дете да ме пазиш. Глупост не правам, ќе си допијам флашава… овај… чашава, ќе идам ќе се поздравам и одиме у град со Тијана. Ако си за, бујрум.“
„Знаеш кој е тука, така?“
„Кој?“
„Томе, пер?“
„Кој Томе бе?“
„Бившиот на Тања што ти го мрзиш од дното на душата.“
„Зошто е тука?“
„Па… идат пак со Тања.“
„Ај чао!“ – рече Кире и се упати кон скалите. За момент беше на приземје и почна да се пробива низ гужвата. Си тури уште една чаша и го остави шишето. Продолжи да пие и ја бараше Тања. Забележа група од пет девојки и знаеше дека екипата на чело со Тања заседава.
„Среќен роденден!“ – викна и се испрчи пред Тања.
„Фала!“ – му врати Тања.
„Опа, кого гледам. Кај си бе уметниче!“ – викна Томе од позадина и дојде да ја гушне и бакне Тања пред очите на Кире, како да сакаше намерно да го испровоцира како некое куче кое си ја обележува територијата.

baner-igor-forza

„Еве сум радник! Како иде со реколта годинава? Се изнакопа ли по нивине?“ – рече Кире и ја повлече Тијана за рака за да ја бакне.
„Ау, вие пар сте биле бе. Епа честито, конечно некоја и тебе да те сака.“ – врати Томе.
„Уште долго ќе си ги мерите куровите или завршивте со глупостиве пошто не се трпите веќе.“ – списка Тања.
„Ајде, доста беше, идеме.“ – рече Кире и ја повлече Тијана за рака.
„Абе што ти е на тебе, само што дојдовме, дај смири се.“ – незгодно рече Тијана забележувајќи дека Кире е веќе видно налутен и пијан.
„Епа седи си ти, ја си одам!“ – викна Кире, го допи вискито на екс и тргна кон вратата.
„Јас ќе идам по него, очигледно уште ми е лут. Седи ти тука, одма ќе се вратам,“ – ѝ се обрати Тања на Тијана и тргна по Кире. Го следеше до вецето и влезе внатре со него. Кире беше изнервиран и се плискаше со вода во лицето и бесно издишуваше. Откако неколкупати го повтори ритуалот погледна во огледало. Во одразот ја забележа Тања во позадина. Бесен се сврти и тргна кон неа.
„Дали си ти нормална?“ – викна Кире бесно.
„Што ти е тебе проблемот?“ – го праша Тања.
„Мене проблемот? Прво ми се лутиш што не сум ти се пуштил, а цела година имам трипано по тебе кога се запознавме, потоа ме правиш мајмун кај мене во стан, и сега како капак на сè си се смирила со најголемиот кретен со кој некогаш си идела и уште ме викаш мене на роденден за да ве видам заедно.“
„Си трипал по мене кога сме се запознале?“
„Еј, немој да ми се правиш дека не си знаела, пошто ќе се накурчам уште толку, а веруј ми не си ме видела и нејќеш да ме видиш кога пиздам!“
„Па што не си ми кажал, гојдо!“
„Па имаше дечко, со конкретниов кретен идеше и тогаш!“
„Си можел да ми кажеш, јас бев заљубена во тебе и седев со него пошто мислев дека ме гледаш како другарка!“
„Другарка? Сега ќе ти покажам каква другарка си ми ти! – рече Кире и страсно ја бакна Тања. Веќе следниот момент ја имаше кренато в раце и ја залепи за ѕид. Ја пушти раката кај неа меѓу нозе и со еден потег ѝ ти соблече танга гаќичките. Почна страсно да ја бакнува за врат и силно да ја допира долу. Тања се изгуби во екстаза. Посегна и таа со раката да му ги откопча фармерките, но тој ја спречи. Се тргна од неа и само и рече – „Среќен роденден, еве ти го поклонот,“ – и од џебот извади цртеж од неа. Цртежот беше совршен.
„Немам доверба во тебе, иако душата ми врска да бидам со тебе. Не требаше да си играш со мене. Сега веќе нема никогаш да можам да те сфатам сериозно,“ – рече Кире и излезе од вецето. Тања остана без зборови со сликата во рака и почна да плаче. Јасно ѝ беше дека претерала.
Бесен и се уште под импресии од тоа што се случи Кире трчаше низ куќата да ја најде Тијана за да си одат што е можно побргу. Ја бараше насекаде, но неа никаде ја немаше. Ги праша сите каде е, но никој не знаеше да му каже. На крај се откажа и реши да излезе и да види дали сè уште ѝ е тука автомобилот. Како што се доближуваше до него забележа дека се мрда. Си ги протри очите за да провери дали му се причинува од алкохолот, но како што се доближуваше силуетите стануваа се појасни и појасни. Кога веќе стигна до прозорецот виде дека тоа од кое стравуваше е вистина – Тијана и Томе имаа секс на задното седиште. Бесен ја отвори вратата, го извлече Томе полугол надвор и почна да го удира со тупаници. Томе го оттурна и со еден директен удар го испрати два метра назад. За дел од секундата се најде над него и почна да го клоца и Кире изгуби свест. Последната мисла која му помина низ глава беше бакнежот со Тања и изразот на нејзиното лице кога излезе од вецето…
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Извор | Fail.mk
Посетено 807 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)