Зошто жената со елан за животот е мотивацијата која му е потребна на секој маж

par so elan_majkatiitatkoti

Луѓето и не се толку различни како што ние веруваме. Да, ние припаѓаме на различни култури, имаме различни вредности и животот не научил на различни лекции во зависност од ситациите кои сме ги искусиле. Како и да е, заклучокот кој на крај можеме да го донесеме е сепак универзален.

Постојат мноштво на луѓе со различни лични особености- луѓе кои имаат јасна претстава за тоа што сакаат од животот и имаат желба да го постигнат тоа, луѓе кои знаат што сакаат од животот, но не можат да најдат доволно добра причина за да го остварат тоа и луѓе кои не знаат што сакаат во животот или пак едноставно не им е грижа.

Ако барате партнер, веќе е очигледно, особено ако сте маж, бидејќи вообичаено мажите се помрзеливи од жените и им е потребен дополинтелен поттик.

Плус тоа, пронаоѓањето на патнерка која ќе ве фрли во сенка претставува добар удар за вашето его, тоа можете да го претворите во добар извор на мотивација.


На сите ни е потребна мала мотивација

Една од најтешките работи во животот е да пронајдете причина поради која ќе ги правите работите кои не ви се многу пријатни.

Се занимаваме со професии во кои не уживаме, ги слушаме предавањата на час кои не сакаме да ги слушаме, вложуваме во проекти за кои сметаме дека се целосно бесполезни. Јадеме храна која ни е вкусна иако знаеме дека треба да внимаваме на мастите, јаглехидатите и шеќерите.

Поголемиот дел од времето ние знаеме што е најдобро за нас, но сепак дозволуваме да подлегнеме и да донесеме одлуки кои и не се толку идеални.

Секој поединец има избор и може да ги донесе вистинските одлуки, сепак повеќето едноставно не го прават тоа.

Имањето на жена која со елан гледа на животот, која има свои причини кои ја мотивираат, нема да ви го олесни животот- таа ќе го направи вашиот живот подобар.


Пријателската конкуенција не штети на никого, а љубовната конкуренција може да направи чуда

 Повеќе пати е докажано дека од конкуренцијата имаат полза сите што се вклучени во неа, па дури и оние кои не се.

 Вистинската конкуренција петставува само една причина повеќе зошто да се трудите да ги достигнете нештата кои се надвор од вашите граници. Таа, буквално ве поттикнува да се стремите кон невозможното.

 Имањето на жена во вашиот живот која не само што ве мотивира да станете подобар човек, туку и ве поттикнува и одбива да прифати пораз е вистински Божји дар.

 Доколку и дозволите пристап до сите области од вашиот живот, постојат големи шанси дека вашето его ќе ве принуди да го прифатите предизвикот.

 Машкото его има свои предности кога се користи правилно.


Вашиот партнер треба да ве инспирира, и да ве поттикне повеќе да се трудите

Конкуренцијата е една работа, а инспирацијата друга. Кога ќе најдете жена со елан, со страст за животот, таа ви ги отвора очите и ви претставува поинаква реалност, реалност каде позитивниот став има вистинска вредност во физичкиот реален свет.

Не е тајна дека добрите работи доаѓаат кај оние кои позитивно размислуваат и имаат позитивни чувства.

Без разлика на тоа дали светот ја фаворизира позитивноста, дали позитивната енергија привлекува позитивна енергија или пак позитивниот поглед на светот ви овозможува да сте смирени, фокусирани и амбициозни- во секој случај позитивноста го прави вашиот живот попријатен.

Ако запознаете жена која ве инспирира, никогаш не пуштајте ја да си замине.


Таа ќе ви даде надеж- нешто што на сите ни е потребно во животот

Животот може да биде неверојатно тежок на моменти. Почесто чувствуваме неизвесност отколку што сме сигурни.

Животот ни задава удари од време на време, разликата е во тоа што некои од нас имаат некој кој ќе ги ублажи тие удари.

Мотивирана жена е жената која верува во остварувањето на нејзиниот идеален живот. Бидејќи ако не верува дека тој живот е возможен, таа нема ниту да се труди да ја постигне целта.

Надежта која вашата партнерка ја има за да создаде живот, онаков каков што таа посакува ќе ви помогне за да пронајдете надеж во темнината. А кога ќе дојде време ќе бидете доволно подготвени за да ја возвратите услугата.


Нема подобро чувство од тоа да сте горди на луѓето кои ги сакате

Токму тоа е причината поради која врските се толку неверројатни, ние сме тука да ги делиме болките и страдањата кои нашите партнери ги доживуваат, но исто така и целата радост и среќа е заедничка.

Кога сте вљубени, многу малку е потребно за да се почувствувате среќни, на пример кога ќе ја видите жената од вашите соништа како ви се смешка. Кога сте вљубени, малку е потребно да се почувствувате горди, на пример кога ќе ја видите како енергично ги остварува своите соништа, нешто на што секој би и подзавидел.

Кога ќе успее, а знаете дека ќе успее, вие ќе се чувствувате горди, а фактот што ве избрала токму вас ќе направи да се чувствувате посреќни од тоа дури и да беше тоа ваш успех.


Мотивираноста значи фокусираност, а фокусираноста има своја насока

Мотивираната жена е повеќе од само инспирација, извор на мотивација и извор на гордост. Таа ќе му даде правец на вашиот живот.

Мотивираните луѓе имаат јасна претстава за тоа кон што се стремат во животот. Можеби не знаат каде ќе бидат за 10 години, но со сигурност можат да ви кажат каде се гледаат себе си во следните 3 до 5 години.

Кога вашата партнерка знае каде оди, а вие планирате да го поминете животот заедно, тогаш нејзиниот пат станува дел од вашиот пат.

Се разбира дека вие ќе имате свои цели и соништа, но ако врската е компатибилна, вашата неверојатна партнека ќе ви покаже точно каде сакате да се најдете. Најдобриот дел е што таа ќе ви биде пример по кој ќе одите.


Искусниот партнер дава најдобри совети

Не знам за вас, но според мене една од работите која најмногу ја сакам кога сум во врска е што секогаш имам некој кој ги слуша и ги поддржува моите идеи

Луѓето ги сакаат врските, бидејќи тие им овозможуваат да разговараат со личноста која сака да слуша. Никој нема да ви даде поискрен совет од жената која искрено ве сака. Ниту една жена пак, која ве сака не може да ви даде толку добар совет како што ќе ви даде жената која ве сака и која може да ви даде добар совет.

Искусните жени имаат огромен број на искуства да споделат со вас. Таа е жена која може да ви даде совети за различни аспекти од животот.

А што е уште поважно, таа ќе ве разбере дека понекогаш не сакате совет, дека понекогаш едноставно сакате само некој да ве ислуша.

За жал, денес луѓето слушаат не само за да слушаат, туку за да одговорат. Но, таа е доволно мудра за да знае и подобар начин.

Посетено 5.337 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!