Здраво! Игор Ќе Се Храни Здраво! Во Здраво-Живо!

[fblike]zdravo zivo-platnar_majkatiitatkotiЗдраво Живо” е првото и единствено бистро за жива храна на Балканот
во кое се приготвува храна која не содржи глутен  и храна која е исклучиво од растително потекло
Сместено во стара дебар маалска куќа, со шармантен амбиент, богата библиотека, добра музика, секогаш расположени готвачи, Здраво Живо е уникатен македонски бренд.
Во БистРо “Здраво Живо” освен што ќе најдете здрава и жива храна, ќе најдете и модерна и сериозно вкусна храна и со сигурност највкусните десерти што некогаш сте ги пробале. Можете да седнете на ручек или вечера, на шанк и да гледате како се подгтовува храната што ќе ја јадете или да си понесете за дома.
zdrava hrana_majkatiitatkoti
Програмите, кои се изработени од професионалци, нудат најразлични можности. Со месечните програми на Здраво Живо можете да си решите многубројни здравствени проблеми, можете да ослабете здраво, можете да зајакнете и енергетски и физички и ментално. Затоа што само животот раѓа живот.

igor-dzambazov1

Оваа есен заштитно лице ќе биде Игор Џамбазов. Во првиот месец тој ќе ја применува програмата за детоксикација,
со која ќе го ослободиме телото од токсини, ќе го зајакнеме имунитетот, крвната слика ќе ја направиме како од учебник, ќе биде физички силен, полн енергија, витален и среќен. Оваа програма опфаќа 5 оброка на ден (зелено смуди, доручек, ручек, вечера и десерт) и се запазени сите потребни нутритиенти во текот на еден ден. За подготвување на оброците користиме македонска храна, растена на оваа почва, греена со ова сонце полевана со наша вода.
Доколку сакате да му се приклучите на Игор, (ќе ви дојде како генерално чистење на оранизмот) и да го подготвите телото за зимата што доаѓа, неплашејќи се од настински, вируси или само сакате да имате поубава кожа, коса, нокти… тогаш за вас сите кои ќе се пријавите до крајот на оваа недела нудиме попуст од 10%. Вообичаената цена е 12600 ден.
Посетено 1.372 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!