Зборувај ми за Скопје

Нина Спирова – Зборувај за Скопје
Зборувај ми за Скопје
Ми здодеваш ти
со Трафалгар сквер
или пак Шанзелизе
Со Париз, Малме, Венеција, Рим,
или пак Њујорк и Беч.
Се фалиш што си бил во Монте Карло,
во Лондон чај те честел Елтон Џон
си бил од северен до јужен пол
го носиш сиот свет во малиот прст.
А знаеш ли ти за Охрид и Преспа,
за Дојран и Блед
за Белград и Ниш,
Љубљана и Загреб
за Будва и Сплит,
да видам колку знаеш ти за Дунав
за Босна, Санџак, Полог, Лика, Срем,
дал знаеш каде е тој Горски Котар
дај зборувај ми ти за јадранскиот брег.
Parlez-vous Français
за Скопје, за вардаровиот кеј, за Водно
зборувај за Шарпланина
за убавините на својата земја
Parlez-vous Français за светот
на кој му припаѓаш ти
со душа,
никогаш не заборавај
дека најсреќен си само дома.
Посетено 438 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!