”Збогум” ”збогум”

McQueen_Wood

“Те мислам, проклет да си”
“Од ум не ми излегуваш…проклета една”

“Телото, телото по тебе ме боли”
“Каде што си ме допрела како модринки да носам”

“Те сонувам, потем како болна сум цел ден”
”Некогаш не сакам да се разбудам Ана”

”Кога замижувам здивот ти го сеќавам на кожа”
”Косиштето врз лицево уште ми спие”

”Се вртам по луѓе на улица, сите на тебе личат”
”Многу црвенокоси низ градов се накотија”

”Ми недостасуваш, знаеш? ”
”Ништо повеќе не е исто, знаеш? ”

”Имам ужасни главоболки, железни ми се мисливе”
”Ме стегаат градите, срцево стапнато ми е”

”Каде згрешивме? ”
”Каде згрешивме? ”

”Можно е премногу да се сакавме? ”
”Можеби еден по друг прегоревме”

”Времето ми е застанато, напукнат е денот”
”Ноќите ме дробат како испукан ѕид”

”Ме болиш чоек…ме болиш”
”Не сум веќе ист, не сум”

”Ти го избришав бројот од секаде, освен од умот”
”Дур возам ти го повторувам телефонот за да не го заборавам бројот”

”Ма и од ова ѓубрево тука те блокирав”
”Знаеш како велат-не е љубов ако не сте се блокирале”

”И сега што? ”
”И сега како понатаму Ана? ”

”Те сакам”
”Те сакам”

”Збогум”
”збогум”

Посетено 13.364 пати