“Закопајте” ги луѓето кои ве мразат со насмевка: зошто успехот е секогаш најдобрата освета

Една работа треба да се запамети кога станува збор за општата популација, а тоа е дека- повеќето луѓе ги повредуваат останатите. Тоа е во основата на човечката природа и е карактеристика (покрај сите други) по која се разликуваме од животните. Животните немаат его (а ние имаме) и последователно тие не треба да се грижат дали некој ќе ги повреди.

Од друга страна пак, повеќепати е докажано дека луѓето уживаат да ги повредуваат другите, и физички и ментално. Додека повеќето од нас сметаат дека само физичките поврдеди предизвикуваат штета, вообичаено менталните повреди се оние кои нанесуваат трајни оштетувања.

Се разбира, како и сите други ментални работи, начинот на кој ние сме погодени од агресијата на луѓето, која е насочена кон нас, во целост зависи од самите нас.

Не е потребно да протолкуваме дали луѓето се обидуваат да не повредат- тоа е очигледно од нивните зборови и дела.

Ние сме оние кои треба да одлучат дали нивните зборови навистина вредат или тоа се само празни дрдорења кои се упатени на погрешна адреса (а би требало да се кон нив).

Кога луѓето критикуваат, најчесто тоа е резултат на нивната нестабилна емоционална состојба. Тешко е да си признаеме самите на себе дека ситуацијата во која се наоѓаме, нашите животи, па дури и нашата личност се резултат на одлуките кои сме ги донеле и начинот на кој сме избрале да ја протолкуваме реалноста. Полесно е да признаеме дека светот не направи вакви какви што сме, отколку да признаеме дека не сме успеале.

Полесно е да го обвиниме остатокот од светот за нашите грешки и недостатоци. Тоа не е поради тоа што не сме доволно паметни или доволно мудри, не сме успеале бидејќи светот не сака да игра по наши правила. А тоа е вистина- светот нема да игра по вашите правила. Никогаш.

Светот и сите луѓе во него се обидуваат да ги наметнат своите реалности врз сите останати. Сите имаме своја група од правила според која сакаме да играме.

Најпаметните го сфаќаат ова порано и наместо да продолжат да се обидуваат да наметнат своја реалност на остатокот од човештвото, тие учат да се адаптираат. Учат да манипулираат со реалноста за да може тоа ефикасно да функционира во рамките на правилата кои се веќе одредени од универзумот и човечката раса.

Животот не мора да биде борба како што ние го правиме. Се разбира, понекогаш се наоѓаме во ситуации кои единствено можеме да ги протолкуваме како борби. Некои луѓе буквално се борат за своите животи секојдневно. Ако го читате ова, тогаш со сигурност вие не сте еден од тие поединци.

Добро ви оди. Многу добро. Не може да се каже дека луѓето не се обидуваат да ве соборат, да ја уништат вашата волја и желба да продолжите по вашите соништа, вашите страсти.

Без оглед на тоа колку човечкиот род напредува, секогаш ќе сакаме да ги повредиме другите. Секогаш ќе сакаме да се издигнеме над останатите и за некои од нас е сосема во ред да ги ‘згазиме’ другите, доколку тоа значи дека ќе добиеме лична слава.

Јас можам да седам овде и да бладам за тоа колку е ужасно тоа што луѓето сакаат да се повредуваат меѓусебе. Можам да пишувам за тоа колку би бил животот попријатен доколку сите се држиме заедно. Утопијата е прекрасно место, од тоа се направени бајките. Но за жал, тоа е единственото место каде може да постои утопијата- во фантазијата.

Не можете да имате совршенство кога поединците, деловите и парчињата се со недостатоци. Човечките суштества секогаш ќе имаат недостатоци- тоа е дел од нивната природа. Тие секогаш ќе бидат во меѓусебна војна, на еден или на друг начин. Можете да се надевате дека ќе го промените светот, но тоа е едно нешто кое никогаш нема да можете да го промените.

Ќе сретнете луѓе кои нема да ве сакаат, кои ќе ве мразат, кои ќе сакаат да ве повредат. А тоа дали ќе ве повредат или не, како и да е, во целост зависи од вас. Кога подобро ќе размислите, нема причина зошто да се чувствувате повредени од другите. Зошто? Бидејќи на повеќето луѓе не им е грижа за вас.

Можете да почитуване одредена личност и во исто време да не ви се важни негативните зборови кои таа/тој ви ги упатува. Постојано наидувам на луѓе кои ми велат негативни нешта, а мене, буквално, не ми е грижа. Јас ќе продолжам да го правам она што го правам бидејќи тоа е она што јас сакам. Ви препорачувам и вие да го правите истото.

Не морате да ги игнорирате луѓето, дури и кога се полни со омраза кон вас. Најдобро е да ги ислушате, да ги слушнете нивните перспективи. А тоа дали вие верувате дека има вистина во нивните зборови или не е веќе друга приказна.

На овој начин ќе ја разберете нивната реалност, начинот на кој тие гледаат на светот, начинот на кој гледаат на вас. Тоа може да ви даде увид за тоа како тие ги проценуваат работите и што вреднуваат.

Соберете ги сите овие информации и ќе започнете да ги сфаќате правилата по кои сите останати се обидуваат да играат. И тогаш, наместо да играте по нивните правила, дотерајте ги вашите за полесно и поефикасно да се снајдете во нивните реалности.

Голем број на луѓе кои се раководат по своите правила не успеваат единствено поради тоа што нивните правила не држат вода во физичкиот свет.

Живеењето на среќен живот е резултат на комбинација од одење во плимата и пливање против струењето. Не можете да го направите само едното или само другото бидејќи нема да преживеете- или плимата ќе ве однесе или ќе се изморите и ќе се удавите.

Јас разбирам дека може да биде тежко кога некој не ве сака. Понекогаш сте уморни некој да ве малтретира, да ве отфрла, навредува и потценува. Но, вие не сте сами.

Имајте ја оваа мисла на ум бидејќи може буквално да ви го промени животот, најдобриот начин да им се одмаздите на луѓето е да ги живеете вашите соништа.

Луѓето ве навредуваат и потценуваат бидејќи мислат дека не можете да успеете. Тие искрено мислат дека целите премногу високо и сте осудени на пропаст.

Ако сакате да ги нокаутирате нивните ега, тогаш имајте неверојатен живот. Станете успешна личност како што им кажавте дека ќе биде, а тие ви се смееја в лице за таа ваша помисла.

Создадете живот од своите соништа а потоа гледајте им ги лицата откако ќе сфатат колку не биле во право. Гледајте ги и уживајте во помислата дека- Тие можеа да бидат она што вие сте денес само ако повеќе веруваа во себе, а помалку се обидуваа да ве срушат.

Ако им дозволевте тие да успеат, а вие да паднете тогаш сте се предале и не сте го промениле вашиот живот воопшто, тие победиле. Тие биле во право, а не вие. Тие успеле да ве победат, да плукнат на вас, да ве прегазат и да си ги исчистат чевлите од вашето лице.

Зезнете ги. Покажете им дека сте попаметни, помудри и подобри од нив. Но, не правете го тоа пред нив. Тие не заслужуваат ниту место во вашите мисли. Направете го тоа заради самите вас и ќе бидете премногу среќни за да обраќате внимание на било што.

‘Убијте’ ги со успех и ‘закопајте’ ги со насмевка.

Посетено 5.395 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!