Задушница

[fblike]zadusnica-pocetna_majkatiitatkoti
На гробишта невидена гужва –
душите на сите починати и
голем број од нивните блиски,
на средба на Главната станица
помеѓу двата света.
Бабички со преполни торби
пешачат и по неколку километри.
Илјадници автомобили бараат
место за паркирање (се прашувам,
каква гаража би личело да направат
овде, катна или подземна?).
Најпрвин се чисти гробот,
па на плочата, небаре е маса,
се постила бел чаршав.
Па се реди ко за на ручек,
за гладните починати и
за живите ненаситни.
Кандилцето треба да кади,
цвеќиња и мермерни вазни.
Запалени свеќи и восок на прсти.
Оревите се кршат еден од друг.
Ракија или вино, за душа да е.
Каде-каде поопуштено отколку на погреб.
Оние со смисла за хумор бијат шеги.
Она што не се дојало се дели по
други гробови, за други души.
На крајот се сите прејадени,
и покојните и живите души.
Убава дружба со најблиските,
ко пред децении наназад
на излет во Сарај.
Посетено 3.922 пати