За женските љубовни предрасуди
Наместо да се опуштат и да уживаат со партнерот, поголемиот дел од жените го анализираат секој негов чекор и нормално, неретко носат погрешни заклучоци.
Мажите цело време велат дека жените сакаат да ги комплицираат работите, а француски психолози потврдиле дека предрасудите кај жените во голема мера предизвикуваат проблеми во нивните врски.
Погрешните заклучоци донесени од преголемо анализирање најчесто доведуваат до караници и обострано незадоволство. Најчести предрасуди се:
– Ако му покажам дека сакам сериозна врска и брак, ќе мисли дека сум очајна и ќе се оддалечи од мене.
Истражувања покажале дека дури 73% од мажите сакаат кога жената ја презема иницијативата во врската. Доколку оставите впечаток дека не се замарате со партнерот, тој ќе ве сфати сериозно. Ако покажете дека сакате љубов, партнерот ќе ве почитува и јасно ќе ви стави до знаење дали може да ви ја пружи.
– Сите мажи се лоши, нема заштитници и џентлмени.
Ова е типична предрасуда на современите дами кои се доживуваат како романтични принцези, но психолозите сметаат дека зад ова се крие страв од обврски. Со овој став, потенцијалните кандидати се откажуваат уште на почетокот.
– Мажите сакаат само убави жени.
Прво, убавината е релативна работа. Второ, повеќето мажи за брак бараат жена која е исполнета и им одговара на карактерот, па изгледот не е пресуден.