Вратичка над срцето

[fblike]
„Не ми е јасно, имаш дупка во срцето!!!“
-ми вика докторот откако ја виде ренген-снимката
„Дупка?“
„Да, како од куршум, ама поголема..да не пукал некој во тебе?“
„Не пукал, таман работа….
А можно да е од човек?.. некој женски човек
да ми поминал низ срцето и ми оставил дупка?“
„Можно е и тоа,“ – одговара
„И што да правам, можам да умрам?“
„Не баш, ама пази се од луѓето, најлоши се тие дупки“
„Ех да е така лесно!!… него докторе, ми текна нешто генијално“
„Што?“
„Да ми направиш мала вратичка на кожата
над срцето“
„Хаха за што?.. да си го гледаш кога некој ќе ти го скрши?“
„Не бе..ќе шверцувам дрога.. ја отварам вратичката,
ставам дрога во дупката на срцето па ја затворам.. ниедна
светска полиција нема да ме фати “
„Е стварно ти е генијална идејата, сакаш да ти извадам
уште некој непотребен орган па да можеш
да шверцуваш поголема количина?“
„Па може, на кои органи мислиш?“
„Еден бубрег, и онака 2 имаш, исто важи и за очите,
мозокот обавезно, од него немаш никаква корист“
„Браво докторе, може одма тоа?“
„А не, прво треба да уплатиш 800 евра“
„800 штоо??.. зарем не може со плави картони?“
„Хаха какви плави картони, само кеш“
Баш ми е жал, наместо да станам успешен деловен шверцер
пун пари јас сега шетам со дупка во срцето
како задњи клошар
Посетено 875 пати