Зошто девојките влегуваат во врска со мажи кои знаат дека ќе им делуваат отровно?

zosto-devojkite-vleguvaat-vo-vrska-so-mazi-koi-znaat-deka-ke-im-deluvaat-toksicno-1

Секој има свои причини поради кои одлучува дали ќе направи нешто или не, затоа не смеат да се осудуваат ничии одлуки бидејЌи никогаш не се знае нивната вистинска причина за превземање.

Девојките на пример влегуваат во врска со мажи кои знаат дека се отровни за нив, но сепак имаат свои причини за тоа за кои самите не се ни свесни дека постојат.

Се заљубуваат

Не можеме да одлучиме во кој ќе се заљубиме, тоа е неминовно. Девојките често се заљубуваат во лоши момци бидејќи едноставно се заљубуваат и не можат да направат ништо во врска со тоа, па затоа и започнуваат врска со момци отровни за нив.


Ги привлекуваат лоши момци

Добриот џентлмен кој отвора врата или трга столче во ресторан, не е секогаш најпривлечна прилика, а тоа девојките добро го знаат, па се префрлаат на оние лошите кои ќе треба да ги освојуваат повторно и повторно иако истото ги прави да се чувствуваат лошо.


Сакаат да бидат жртви

Секогаш е подобро да се обвини некого за сопствените избори, нели?

Тоа девојките го прават со момците, прво ги заведуваат оние кои знаат дека се лош избор за нив, а потоа кукаат дека тие им делуваат отровно.


Мислат дека ќе го променат партнерот

Знаат дека е лош и нема да им трча по задникот, но сепак надежта последна умира, а тие се надеваат дека ќе бидат ТИЕ девојки кои ќе ги променат таквите момци.


Сакаат да се отрујат!

Едноставно отровното им одговара бидејќи и самите се отровни по природа, а сличностите се привлекуваат, нели?

Посетено 5.847 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!