Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?

[fblike]dete-panker_majkatiitatkotiНапишав една детска приказна со надеж дека после утре/задутре и времето што следи децата пак ќе си бидат деца и ќе си ги играат нивните игри, а не игри во кои ние возрасните со овој памет можеби насилно ќе ги вовлечеме.
Искрено се надевам дека нема.
„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
„Сакам пак да бидем дете“
Слушам детски плач од блиското игралиште.
„ШЉАС“ – се слуша и шамар а детскиот
плач е уште погласен.
Идам да видам што се случува
и гледам како еден татко ја влече
ќеркичката за уво и и’ се дере во фаца:
„Ти реков да не ги изедеш сите, кажи кај се
и немој пак да лажеш да не те скршам од ќотек“
„ама стварно тато..еден човек со крилја
се појави од небото и ми ја зема целата кеса со бомбони“
– низ солзи објаснува детето
„е сега ќе видиш“ – и таман да замавне да ја удри
се вмешав:
„вистина збори девојчето и јас го видов човекот со крилја“
-лажам да ја заштитам
„кој си бе ти да се мешаш?“
„џабе ја тепаш, стварно така беше“
„е сега ќе видиш клошариште смрдливо“
– и почна да ми се приближува
Со оглед на тоа дека беше 3 метра повисок од мене
и имаше мускули колку цел шлепер свињски полутки
одма се јавувам на 194
„Брза Помош повелете“ – се јавува операторот
„сакам да пријавам дека сум мртов или барем
тешко повреден“
„каде се наоѓате?“
„во детското игралиште поза…“ – не можам да ја
завршам реченицата затоа што
во тој момент од небото се појави некој човек
со крилја, го грабна таткото, набрзина се вивна
100 метри во воздух и го пушти да паѓа.
Тресна на метар од мене и се скрши на
милион парчиња
„ало..ало“- го слушам операторот
„Извинете грешна информација, ништо не ми фали,
еден друг лош човек загина наместо мене“
„кој човек?..како?“
„Се појави човекот со крилја, го фати лошиов и го фрли
од високо и така… умре типот“
„Моламммм? ..Човекот со крилја?“
„Да, токму тој“
„такво нешто не постои“
„Постои, постои.. јас го видов“
„Знате ли дека се одговара за лажно пријавување?“
– ми се заканува и го слушам како со шепот се обраќа
на некој колега –„овој пролупал, или е пијан
или издрогиран, видел човек со крилја,
исто како син ми што ме лаже“
„Не ве лажам, ама казнете ме ако така треба,
сега ми е сеедно“
Додека така разговарам, човекот со крилја
се спушти до девојчето –„извини, само се зезав“
– и рече, и’ ги врати бомбоните и пред да одлета
ме замоли:
„кажи дека се си измислил, добро ?“
„Без гајле, тоа ќе кажам .. него ти
да не си оној „орелски крилја как да си метнех
и в наши ст’рни да си прелетнех…’?“
„Не..кој е тој?“ – збунето ме гледа
„еден..не е битно, очигледно не го знаеш“
„е па добро, ај до гледање“
-го погали девојчето и одлета
а таа слатко се насмеа, ми пријде
со испружена дланка:
„еве чичко една бомбона за вас“
-и продолжи безгрижно кон првата љуљашка
Уште сум во шок, не верував дека девојчето
ја кажуваше вистината, кој знае колку
работи од детскиот свет се вистинити
само ние со отупавениве конформистички
мозоци сме заборавиле дека
и ние некогаш сме биле деца.
Нивната вистина не е иста со нашата
нивниот свет не е „нашиот“ свет.
За среќа, и наша и нивна.

 

Посетено 738 пати