Вие не сте уплашени од иднината, вие сте уплашени од повторувањето на грешките од минатото

black
Не е секогаш лесно да станете од креветот. Понекогаш, доколку знаеме дека денот ќе ни биде напорен посакуваме да продолжиме со спиење цел ден додека не помине бурата.
Но, сите викаат дека кога ќе се разбудиме треба да бидеме полни со енергија која ќе ни трае во текот на целиот ден. Секој верува дека најдобар начин за да се живее животот е да се разбудите мотивирани и гладни за да го прифатите се она што ни го нуди животот.
Но, вистината е дека понекогаш животот ни нуди лоши моменти и после тоа се чувствуваме загрижено и напнато. Се чувствуваме уморно. Како да ни треба да продолжиме да спиеме се додека не се разбудиме полни со енергија.
Можеби и треба да го живееме животот полни со енергија за да најдеме мотивација и волја за да продолжиме понатаму.
Но, зошто? Можеби ќе сфатиме дека доколку имаме подобро утре потребно е да бидеме оние кои сакаме да бидеме и да ја креираме нашата иднина каква што сакаме таа да биде.
Но, од некоја причина, ние не продолжуваме после тоа. Сами на себе си кажуваме дека потребно е да се одмориме уште малку. Ни требаат само уште неколку часа спиење пред да се чувствуваме подготвени.
И најпосле, ние никогаш нема да сме подготвени. Не е до тоа дека телото ви е уморно, туку психички чувствувате дека сте изморени.
Но, зошто?
Постои само една теорија зошто одбегнуваме да продолжиме понатаму. Ние се плашиме од тоа што може да ни донесе иднината.
Се плашиме дека работите нема да можат да се подобрат и повторно паѓаме. Уморни сме бидејќи се плашиме од иднината и се плашиме дека ќе ни се повтори се она лошо кое ни се случувало во минатото.
Сте изгубиле верба во себеси.
Тоа се случува кај многумина од нас, посебно на оние кои имаат големи надежи за нив самите. Сосема е разбирливо да се плашите од повторување на грешките од минатото. Дури и кога учите од своите грешки, сепак сеуште се плашите дека животот повторно ќе ви го овозможи истото, но во друга форма. Интересно е со колку проблеми се соочувате и повторно сепак се се сведува на истото.
Добиваме нова работа само за да започнеме да ја мразиме новата работа. Конечно се заљубуваме за да повторно ни биде скршено срцето. Продолжуваме да ги повторуваме истите навики бидејќи се чувствуваме комотно, а потоа од зоната на комфорот тешко можеме да излеземе.
Не сте единствени кога се чувствувате вака, но единствени сте и сами кога ќе сакате да се справите со оваа ситуација. Никој не може да ве извади од таму освен вие самите. Вие сами треба да се соочите со својот проблем и да најдете решение како ќе испливате од таму.
Се плашите дека реалноста која сте ја искреирале за вас нема да ви овозможи да бидете среќни.
Некои реалности кои луѓето сами ги крераат се тотална мистерија. Некои начини на живеење нема да ви дозволат да бидете среќни затоа што среќата воопшто не е дел од таа реалност.
Единствен начин за да живеете среќен живот е да го гледате Светот во подобро светло. Да имате надеж. Да имате верба во вас самите и во вашите можности. Да имате верба дека работите ќе се средат и ќе успеат и да не одбивате да се откажете.
Доколку го смените начинот на кој го гледате Светот, вашето минато никогаш нема да стане дел од вашата иднина.
Затоа, изменете ја. Погледнете ја вашата иднина. Фокусирајте се на вашата иднина. Кога најпосле ќе ја напривте вашата иднина каква вие сакате да биде, нема повеќе да посакувате да спиете затоа што ќе се плашите од моментите и случките што ќе ви бидат понудени тој ден.
Посетено 2.547 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!