СТЕФКА ЕЛЗЕСЕР
Последниве години, кафето не ми е првата работа што ми се случува наутро. Прво теретана(у вакви тмурни денови ми се случува и да ја “рипнам” теретаната) па пијам сок од цвекло, јаболка, помаранџа… Во меѓувреме или јас или сопругот веќе го имаме стаено кафето. На раат, со цигарче се пие првото кафе, уз Фејсбук и дискусија. Туширање, спремање за на работа иде потоа. На пат до ординација, телефонско договарање со сестра Бети, и наравно потсетување да стави кафе!! Денот може да почне.
Посетено 3.103 пати