МАЈА АНГЕЛОВСКА
Го сакам моето кафе како што се сакам себеси..Црно горко и жешко. Добро утро велам, заедно со своето прво вкусно и единствено кафе во денот. Кафето го пијам најчесто во својот дом, секогаш во иста чаша(поклон од драга девојка)..никогаш не го пијам кафето на брзина, понекогаш последната голтка утринско кафе е испиена доцна попладне. Дур конзумирам кафе, конзумирам музика и добро четиво. Љубам да пијам македонско кафе, многу ретко пијам второ кафе, кое секогаш без исклучок е капичино без кофеин..и секако дадете си време да го уживате мирисот на кафето ..
Посетено 2.318 пати