ЈОВАН ЈОВАНОВ

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Јован Јованов - Јовче
Јован Јованов – Јовче

Првиот утрински чај го пијам обично рано чим се пробудам и по правило со кришка лимон, обавезно во мојата омилена шоља. Ми треба таа обавезна шоља типичен англински morning breakfast чај за да се расонам и го почнам денот спремен за предизвици….,после чајот следи кафенце espresso, некаде во лондонските кафетерии, во некоја од моите омилени каде еспресото го пијам кратко и јако да ме здрма,  задолжително со чоколаден кроасан. Неделното утринско кафе го сакам со bagel (варено геврече) со крем сирење на Brick Lane market – еден вид лондонска институција, место преполно со извонредни кафетерии, продавници, галерии, ресторани, улични продавачи на храна и разни дребулии, место каде луѓе од сите страни на светот уживаат шетајќи или седнати на некое од многуте хит локали и места,  може да се налета и на некој нов графит на Banksi како врв на доживљај. Не те рачунаат за лондончанец, ако не си пробал кафица и багел на   Brick Lane market…у недела.
P.S
На барање на Мајка Ти и Татко Ти, моето утринско кафе беше бајаги опширно но као што ги разбрав, сакаат да ја прошират оваа рубрика со што потполно се сложувам. Имајте убав ден скопјани, нека ви е наздравје кафето.

Посетено 405 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!