ИСАИЛО ИЛИЕВСКИ
Моето прво кафе е рано наутро. По отварање очи, следува краток туш, т.е утринска хигиена, а во меѓувреме ѓезвето со ладна вода е веќе стаено на ќумбето на дрва(Смедеревац), пред да зоврие водата ставам две лажички кафе, без шеќер. Тоа е тој ритуалот на моето утринско кафе кое е строго-турско. Второто и последно кафе во денот, го пијам околу пладне опкружен од снежната покривка уживајќи во прекрасниот поглед на мавровското езеро,…доколку е денот сончев, задоволството е уште поголемо.
Посетено 651 пати