ИЛИНА ГАРЕВСКА

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

Илина М ГАревска
Илина  Гаревска, аналитичар СППФТ

Наутро тешко станувам, првото кафе (Nescafѐ – горко, 3 лажички кафе, без млеко) го пијам дома со цигара, а на ТВ оди CNN. Во последно време додека го подготвувам кафето си ја потпевнувам Listen to the Man од Џорџ Езра. Овој утрински ритуал никогаш не го прескокнувам и иако трае навистина кратко, уживам во моментот. После овој краток но сладок ритуал, започнуваат подготовките за работа. Веднаш штом ќе стигнам на работното место пијам горко продолжено espresso во друштво на колегите од канцеларија. До крајот на работниот ден пијам уште едно до две кафиња, едното во некој од локалите на градскиот плоштад, а другото повторно на работното место, најчесто на прекрасната тераса на последниот кат. После ручек следува уште едно кафе, cappuccino, а доколку го пијам дома, задолжително е проследено со музиката на U2, Red Hot Chili Peppers, R.E.M или Robbie Williams. Ритуалот на првото утринско кафе за викенд е поинаков, на моја среќа трае многу подолго – пижами, посебна шолја, Еconomist и Vogue.

Сепак најомилено кафе ми е frappuccino-то испиено со другарките во пролетните или летните вечери на терасата на маалското кафуле „Ли“, кое задолжително преоѓа во пиење на некој коктел и многу гласна смеа.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=4XcE8I_LzjQ[/youtube]

Посетено 1.049 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!