Те одбрав за да те сакам

Изгорена од млекото, започнав да дувам и на маштеницата.

Млекото беа луѓето кои ме сакале или глумеле дека ме сакаат, а на крај испаднало спротивното, ме оставиле како да не ме сакале никогаш или јас сум ги оставила кога сум го сфатила ова.

После сите тие срања се појави личност која мислам дека е онаа вистинската за мене, што би рекле старите дека за секое тенџерче има капаче.

Тој е моето капаче, а јас неговото тенџерче.

Иако се е совршено, тој е совршен, ме прави да се чувствувам совршено и ред други работи, се обидувам да го дувнам подалеку од мене, како глуварче сакајќи да видам дали ќе се врати.

Го дувам постојано, но постојано се враќа, не се расејува низ просторот, останува едно, останува моето едно, сака да бидеме постојано заедно.

Постојано го тестирам со прашања од типот зошто е со мене, што сака од мене, дали ме сака навистина или ќе си замине како сите останати.

Го прашувам зошто ме одбрал баш мене.

Свесна сум за своите квалитети, но тие не секогаш се во игра кога станува збор за врска помеѓу луѓето.

Тие не ги ценат твоите квалитети, освен оние ретките како што е сега мојот партнер.

Луѓето повеќе ценат материјално, наместо духовно, а тоа ме иритира.

На тоа прашање зошто ме одбрал баш мене, тој ми одговори најискрено.

Те одбрав за да те сакам, ми рече.

Се мушнав во неговите прегратки и заспав, тој остана да ме гледа како спијам, да ме бакнува во чело терајќи ги кошмарите кои ги имам често кога ќе заспијам.

Се надевам дека засекогаш ќе ги истера еднаш, со бакнежи.

Те одбрав за да те сакам, не за да те оставам, те одбрав за да те сакам, не за да те лажам, те одбрав за да те сакам и да не те пуштам да заминеш, освен ако не посакаш сама.

Тогаш повторно ќе ти дадам слобода која веќе ја имаш, иако те одбрав за да те сакам, понекогаш одбираме некого за да го сакаме, но можеме да одбереме и да го пуштиме да си замине ако посака.

Ако се вратиш, значи и ти си одбрала да ме сакаш мене, во спротивно ќе научам дека човек може да направи и лош избор понекогаш.

Неговите зборови полека ме успиваа во неговата прегратка…

Најдете некој што ќе ве одбере за да ве сака, наместо што ќе ве одбере за да го сакате вие.

Ние се одбравме двајцата!

 

Посетено 8.600 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!