Една солза

tumblr_inline_mmghj5YBLY1rrs0el

Една солза ми капна – солена, солена како помрфитов што го јадев
Една солза ми капна – смотана како фацата што ми е додека се чудев
како е можно од цел свет мене малер да ме мава?..баш мене?
Една солза ми капна- црна како белите дробови на ренген или
црна како мислите што…. не е битно
Една солза ми капна – проѕирна како изговорите што ги слушам
Една солза ми капна- горчлива како душата на ….јбг
Една солза ми капка- глупава како мојов мозок
Една солза ми капна- еј солзо, од кај ти е пењуаров?.. не ми одговори
Една солза ми капна- ме пржи како солзите на девојка ми..или мој солзи се тоа?
Една солза ми капна- пуфкаста како облаците што ми се смеат
додека ме врнат
Една солза ми капна – збунета како фацата на шалтер кога
и’ барам одговор за тоа што е платена
Една солза ми капна………
Зошто не временска прогноза не кажуваат кога врнат солзи
па на време да се сокриеме?

Посетено 767 пати