ТАЖНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ: Се укинува банкнотата од 500 евра
Европската централна банка реши да ги натажи Македонците во овие празнични денови со одлуката за укинување на банкотата од 500 евра, банкнота која беше омилена кај граѓаните на Република Македонија.
„Ова е ужас. Сега ќе треба да носам банкноти од по 100 евра, џебовите да ми се полни, наместо вака покомпактно“ изјави еден граѓанин.
RIP 500 евра
Овој шок следи откако пред две години беше укината и банкнотата од 5000 денари.
Гледајте „Фчерашни новости“ во недела од 19:30 часот на „Канал 5“.
Посетено 27.866 пати