Полнета пиперка
Ме уништија ова кредитиве.
Морам некако да се снајдам
и најпаметно ми е да го издадам станот
а јас некаде да живеам беспари.
После многу мислење и милион комбинации се одлучив за една
Обично мајка ми еднаш годишно прави 2000 полнети пиперки
и после само одмрзнува по 2-3 кога и’ требаат
Одлична прилика,
чекав да ги испече сите
да ги стави во замрзивач
и тогаш влегов внатре,
од најдолната пиперка го изедов скоро целото месо
се бутнав во неа а со тоа што не го изедов се покрив
за да не ме примети.
А таму милина, темница и кочан ладно,
идеално за моите сфаќања каква услови треба
да има за нормален живот
А да, и девојка ми ме откачи, не сакала да живее во полнета пиперка
и требало повише слобода, шопинг, афтер-парти, козметичари и сл
Ок, се помирив со тоа,
само како заборавив цигари да си земам?
Јбг, стварно не постои ништо идеално, џабе се израдував
Посетено 1.613 пати