„T2 тре­инс­по­тинг“ го отво­ра Фе­сти­ва­лот на бри­тан­ски филм

[fblike]2017_04_trainspotting_2Бри­тан­ски­от со­вет и Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар ја по­ка­ну­ва­ат пуб­ли­ка­та на единс­тве­ни­от ме­ѓу­на­ро­ден фе­сти­вал на бри­тан­ски филм „Плеј ју-кеј“, од 16 до 19 фе­вру­а­ри во шест гра­да во ре­ги­о­нот да прос­ле­ди де­сет пре­ми­е­ри на фил­мо­ви на бри­тан­ски авто­ри, кои прив­ле­ку­ва­ат го­ле­мо вни­ма­ние на нај­поз­на­ти­те филм­ски фе­сти­ва­ли во све­тот. Фе­сти­ва­лот ќе се отво­ри со фил­мот „T2 тре­инс­по­тинг“, кој ги обе­ди­ну­ва ори­ги­нал­ни­те ли­ко­ви на еден од најв­ли­ја­тел­ни­те фил­мо­ви од 1990-ти­те го­ди­ни. Во пер­и­од од че­ти­ри де­на ил­јад­ни­ци страс­ни љу­би­те­ли на ки­но­то ќе има­ат мож­ност да ги до­жи­ве­ат нај­до­бри­те со­вре­ме­ни бри­тан­ски игра­ни и до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви.
– Со сво­е­то сил­но вли­ја­ние врз на­ши­от се­којд­не­вен жи­вот и на на­чи­нот на кој збо­ру­ва­ме и се ше­гу­ва­ме, бри­тан­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја со де­це­нии прет­ста­ву­ва единс­твен фе­но­мен во гло­бал­на­та со­вре­ме­на кул­ту­ра. Та­ков фе­но­мен зас­лу­жу­ва не­се­којд­не­вен фор­мат. Бри­тан­ски­от со­вет го ор­га­ни­зи­ра „Плеј ју-кеј“ исто­вре­ме­но во шест гра­да од ре­ги­о­нот, со при­ка­жу­ва­ње де­сет филм­ски пре­ми­е­ри, точ­но во исто вре­ме во Скоп­је, Бел­град, Под­го­ри­ца, При­зрен, Са­ра­е­во и Ти­ра­на, ши­реј­ќи го бри­тан­ски­от филм­ски џа­гор низ це­ли­от ре­ги­он – ве­лат од Бри­тан­ски­от со­вет.
Те­мат­ски, фе­сти­ва­лот има по­ве­ќе ни­воа.
– Би­деј­ќи све­тот се со­о­чу­ва со бр­зи про­ме­ни, а по­ли­ти­ка­та вос­по­ста­ву­ва но­ви од­но­си на це­ла­та пла­не­та, на­ша­та цел е да вклу­чи­ме фил­мо­ви што ги сла­ват чо­веч­ка­та из­држ­ли­вост и спо­соб­ност да нај­де од­го­во­ри и ре­ше­ни­ја во те­шки­те си­ту­а­ции. Дру­го ни­во на фе­сти­ва­лот е сил­но­то вли­ја­ние на бри­тан­ска­та му­зи­ка во овој дел од све­тот. За­тоа ќе при­ка­же­ме фил­мо­ви што се фо­ку­си­ра­ат на му­зи­ка, му­зич­ки бен­до­ви, нив­но­то нас­ледс­тво и вли­ја­ние на на­ши­те оп­штес­тва – до­да­ва­ат од Бри­тан­ски­от со­вет.
Посетено 214 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!