Панорамскиот Автобус

[fblike]Сонцево пржи а јас се возам во
панорамскиот автобус со отворен покрив
и скроз сам сум на горниот кат
Прв пат ми е и баш било убаво
Го разгледувам градот од високо,
си грицкам семки и лушпите културно ги
фрлам во посебна кеса а цигарите ги гасам
на под и ги собирам пикавците во истата
Една птица лета на пола метар од мене
и ми збори нешто ама не ја разбирам
-извини птицо разбираш македонски?
-а па ти наш си бил, јас мислев дека си
странски турист па те прашав на фински.
-а што сакаше да ме прашаш?
-па мислев да ми дадеш 1 евро
-што ќе ти е?
-да си купам пуканки, ми се смачи
да јадам од земја.
-еве ти 50 ден.
-еј фала, многу фала, ај чао
-ејјјј чекај малце, ај ако сакаш земи ја кесава
и фрли ја во некој контејнер уз пат.
Се направи дека не ме слушна, одлета
За среќа здогледувам еден контејнер
и со истата ноншалантност со која
некои фрлаат ѓубре од балкони
ја заџиткав кесата
Ама уште во воздух кесата се распадна и сите
пикавци и лушти паднаа врз една група јадници
што идеа пешки по стопениот тротоар.
Ме гледаат злобно, нешто ме пцујат,
трчаат, пробуваат да го стигнат автобусов
ама тешко се трча на овакво време,
пржи сонцево.
Добро е, се спасив сега можам да продолжам
со уживање а можам слободно
и носот да го чачкам, никој не ме гледа
Од време на на време некоја глава ќе се појави
од скалите, ќе ме види
и се враќа на долниот кат,
не знам што им е, не сум некој лепотан
ама па не сум ни лепрозен
Автобусот изненадно запре и ете ја
нервозната фаца на шоферот се појавува
-ТИ… собери ги парталите и сместа
да го напуштиш аутобусот
-ама зошто?..имам карта – се бунам
-ма сосе карта ќе леташ, со кој памет
на секое седиште си ставил по една облека
да се суши?
-па брзав и немав време дома да ги пружам
а овде никаде не пишува дека е забрането
-аха, а пишува некаде дека е забрането
летање?
-па не знам, не гледам знак
-значи не е забрането, значи ТИ ќе леташ
Додека да сфатам што му значи тоа ме зграпчи
и како партал ме фрли од автобусот
заедно со сите мои алишта
Сељак, сега треба пак да ги перам
Додека ги собирам едно по едно од земја
гледам дека една толпа луѓе иде накај мене
Се загледувам поубаво..еј па тие се истите
на кои им ја истурив кесата со лушпи и пикавци
Сум наебал, а сонцево пржи ли пржи
Посетено 832 пати