Светот Е Фасциниран: Папата Пиеше Чај Од “Кока”

[fblike]
papa_majkatiitatkoti

Папата Фрањо пристигна во Боливија, а за време на летот од Еквадор кон таа земја пиеше чај, кој покрај камилица и анасон вклучува и листови од кока. Оваа мешавина наводно елиминира гадење, кое може да го предизвика престој на висока надморска височина, а токму тоа е она што му требаше на папата поради фактот дека аеродромот во Ла Паз, меѓународниот аеродром Ел Алто е на највисока надморска височина во светот.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=omcDMrvKUtk[/youtube]

 

Папата инаку е во посета на најсиромашните земји во Јужна Америка, а веста дека пиењето чај, кој многу го поврзаа со кокаинот, иако едно со друго нема никаква врска, наскоро стана хит. Мешавината која му ја дале се вика “Trimate” и локалното население ja користи со векови.
Како што известуваат светските медиуми, 78-годишниот папа не покажал знаци на слабост кога слетал, а не се забележани ниту пак некакви знаци на делувањето на чајот од коката. Папата наводно, пишува Гардијан, изјавил дека би пробал да џвака и листови од кока, а Ватикан по овој повод објави официјално соопштение во кое се наведува дека папата може сам да одлучи дали да си ја исполни својата желба или не. Чајот изгледа делуваше добро, па можеби тоа го охрабри католичкиот поглавар да проба да џвака листови од најпопуларнот боливиско растение.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=NgpElbZCPJA[/youtube]

Посетено 519 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!