СТВАРНО СУМ ГАД ПОНЕКОГАШ

Ми се врти, ми се фрцка
„и кажи што мислиш, не сум малку поинаква?“
„поинаква..многу си поинаква, што си им направила на ушите?“
„а примети, им ставив колаген“
„колаген?..кај се става колаген на уши, сега ти се
2 броја поголеми, на слонче личиш, и тоа клемпаво“
„еј не ми збори така,ќе паднам во депресија“
„па добро што мајка бараше да ставиш таму ?“
„па сакав на усни, ама си викам ај прво да пробам
да не имам некаква лоша реакција, па пробав на ушите“
„сега јас што да ти правам со толкави уши?“
„па сакај ме“
„да те сакам? .. исто како да ја сакам тендата над Пелистер
уствари знаеш што?.. сакам да ти свршам во уво,
можда интересно ќе биде“
„што?..каков гад си бе не ми се верува“
„јас гад?..а ти што убаво слатко девојче беше
ама мораше да аздисуваш..ај пластични цицки,
ај носот да го исправиш,
па вештачки нокти, трепки, заби, па леќи во боја
па дигнат г’з, па бришење на сите тетоважи од бившите дечковци
па секој месец по 2 тона шминка да ги сокриеш пегите
кои иначе најубаво ти стојат
и сега капак… милион пари потрошив на тебе,
од таа што ја сакав ништо нема останато,
ни срцето више не ти е исто“
„е да знаеш ќе си идам и не се враќам“
„најпаметно, и онака работа ме чека“
Не поминаа ни 15 мин откако си отиде а веќе
муштерија ми ѕвони на врата.. Се швркнав од работа
од кога дадов оглас дека имам врски кај Господ
и можам директно да пратам
некого во рај без да се распрашувам што бељи правел
во животот и слични ситници.
„вие сте Зо…“
„да јас сум, влези “ – го прекинувам- „само мора да ги оставиш
сите метални и златни
работи за да идеш во рај.. и морам да ти ги врзам очите“
„па добро, еве ви прстени, 2 златни заба, мобилен, клучеви од кола
и 50 евра како што се договоривме“ -ми вика – „а фискална?“
„ќе ти ја пратам по пошта, нешто ми е расипан апаратот“
-го лажам
Му ги врзав очите , го однесов на балкон
и го фрлив.
Ете така уште една задоволна муштерија „испратив“
на оној свет
Ѕиркам од балконот и веќе добро купче се направило,
до втор кат има брдо од трупови
а оној Миле глеадам пак брца по нивните облеки
„аман бе комшија џабе бараш, сите златни работи
ги оставаат кај мене“
„еј здраво Зоки..слушај ај да те замолам
да не ги фрлаш више од овој балкон,
смени малце, фрлај ги од другиот, се убив од качување,
и уште нешто, не им барам злато по џебовите
него им вадам органи“- си кажува Миле
„органи им вадиш?..па добро бе комшија ако ти фали нешто
за јадење дојди, ќе ти дадам некое парче месо“
„а бе глуп, не ги јадам него ги продавам на Косово
знаеш колку пари се заработува од трговија со органи?“
Ми ги отвори очите овој Миле, од сега на влез
не им ги земам само златните предмети туку и сите органи
Малце е прљава и крвава работава.
ама што е битно додека има добар кеш
А ми требаат пари, многу пари,
бидејќи во меѓувреме се смирив со онаа мојана
машина за трошење пари
и сега сака за роденден
да платам операција да и’ ги продолжат нозете за пола метар
демек кратки и’ биле?!
Гледаам дека кај и да е стварно ќе и’ раскинам, за последен пат.
Уствари без да знае ќе им кажам на лекарите
да и’ ги продолжат нозете за 2 метра па ќе и’ раскинам.
Да, така е најбоље

Посетено 757 пати