Стварно е потешко

jim-morrison_majkatiitatkoti

-и сега што?
-како што?
-е па фајронт е, кај да идеме во 5 сабајле?
-што знам?..слушнав Џим Морисон имал
свирка некаде на after-party
-дај ма не треси глупости, мртов е човекот
-па ако де и ние сме мртви
-мртви?…што ти е на тебе?
-па сме..од кога не си се насмеал?
од кога срцето не ти се превртело од радости?
од кога душата не ти откачила од среќа?
од кога….
-добро ај прекини, сакаш да идеме кај мене?
-кај тебе? што ќе правам кај тебе?
-ќе се сакаме
-а бе кретену мртви сме, како да се сакаме?
-ќе се преправаме дека сме живи
-добро ај ќе пробаме
………………….
Пробавме, не иде, полесно е
кога си жив да се правиш мртов
него обратно

Посетено 1.648 пати