Роботи или ученици?

Факт е дека образовниот систем во Македонија, па и скоро во целиот свет е далеку од добар. Учениците ги трупаат со многу непотребни информации од безброј предмети, им ги перат мозоците и гледаат да направат што е можно повеќе пари. Давачки за учебници од овој професор, па од тој професор, па збирки и се од што може да профитираат.

Роботи или ученици?

90% од професорите се однесуваат несоодветно со учениците и уште од најрана возраст им набиваат комплекси, непотребни стресови и притисоци. Многу често се случува ученик да биде понижен или омаловажен пред другите деца. Учителот најпрво треба да е психолог, а после и стручњак во својата област.

Не е секој за да биде математичар, научник, историчар или биологист. Многу деца сонуваат да бидат спортисти, хемичари, уметници, поети, писатели и што уште не. Зашто да не им дозволиме да бидат тоа што ќе посакаат? Зашто да нема училишта кои ќе бидат одредени за посебна струка?

Оценките не треба да се зимаат во предвид. Учениците треба да имаат шанса на различен начин да го покажат своето знаење. Истотака учениците не можат да бидат дискриминирани меѓусебе како “добар” и “лош” ученик, тоа ќе има само негативно влијание врз двете групи. Оценките се тие кои ги тераат децата да “мамат” на тестови. Најлошото од се е што тие деца имаат огромен притисок и од своите родители, за да ги завршат задачите на време, за повисока оценка, за да бидат успешни. Повисоки оценки не значат дека личноста ќе биде поуспешна, доказ за тоа е и нашата држава.

Животот во Македонија значително би се подобрил ако децата учат за тоа што сакаат да бидат и ако не се трупани со вишок информации кои само им го оптеретуваат мозокот и ги прават робови на општеството. Неможе секој да биде надарен и да биде тоа што образовниот систем му наметнува да биде.

Затоа и сме дојдени до ова “дереџе”. Се повеќе луѓе не работат по струка. Се повеќе ученици кои не запаметиле ништо од своето школување се откажуваат да го продолжат своето знаење на факултет и продолжуваат да работат без љубов што ќе им дојде при рака само со цел да опстанат во оваа држава. Така и се раѓа таа генерација од деца на транзиција. А, сите знаеме што следи после тоа. Потрага по подобра иднина, односно бугарски пасош и право некаде во странство.

Погледете ги овие слики кои ќе ви разјаснат многу нешта.


Посетено 496 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!