Што направиле бре луѓе овие?!
[fblike]
Влагам у ходник. Иде накај мене една со минич до… со ептен краток минич, стегната у корсет, градите нормално пуш ап, 10-ка штикла, мислиш од шипка се симнала! Колешката до неа со истапирана коса 20 сантима над черепот, уплав да те фати. Потаму две-три така попристојно облечени жени, понормални. Па уште една младичка, симпатична, ама толку многу стегната во цевка фармерки, страв ти е да не и пукнат ако се наведне. Па еден разбушавен маж што одеше низ ходникот со цигара во рака, најверојатно брзаше надвор да ја запали. И на крајот, уште една скроз на место по изглед, и уште една, последнава што ја видов, нашминкана така јако ко за у кафана, со чипкана блуза, под неа прслукот се гледа!
Инаку, ходников во кој што влегов, е во основно школо! Луѓево што ви ги опишав излегуваа од училниците со црвени дневници под рака! Дамла ме удри! Што направиле бре луѓе овие? Ги наполниле школиве со најдолната багра, стриптизети од барови и кафански певаљки, најверојатно најслаби или приучени, со купени (компензирани) дипломи! Без нималку свест за средината во која се ноѓаат, за влијанието што го имаат врз децата, без ронка морал! Ужас! Кој ни ги учи децата, кој им е пример на кој ќе се огледуваат, свесни ли сме?!?!? Чистка на се што е влезено по школите преку сомнителни „филтри“, под итно!
Посетено 923 пати