Средина на Ноември

pusenje

Религиозноста не е наследна,
исто како и талентот за уметност.
Смрзната бања, од носот капе вода.
Наутро шака апчиња, навечер ракија.
Рутините се линеарни, животот кружен тек.
Собните цвеќиња на терасата чекаат
температурата да падне под нула.
Покрај кејот трчаат вербата и надежта.
Ноември е секој божји ден месецов.
Прошетката по идеи завршува
со кристално празноумие.
Суви лисја ко паднати мисли
што заслужуваат да се газат.
Во кафеаните не се пуши одамна.
Чист воздух со чад од ќумбе и реа од кујна.
Пушачите надвор цупкаат во место
и разговараат за уметноста
како за вечна пролет.

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”small” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/jovica-ivanovski/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 356 пати