Современ часовник со спој на комбинација на технологија и прекрасен дизајн
Lash Clock by Bina Baitel
Часовниците одамна престанаа да бидат сфатени исклучиво како ориентири на времето, но нивниот дизајн станува речиси
подеднакво важен како и примарната цел…
Француската уметница Bina Baitel работи интересни работи во различни сфери на уметноста, а нејзиниот иновативен производ ги воодушеви љубителите на технологијата и дизајнот. Едноставно насловен “Lash Clock“, овој уникатен часовник го прикажува најдоброто од современиот дизајн и креативноста на уметницата. Замислен е како објект кој ќе си поигра со нашата перцепција на времето и ни нуди поинаква перспектива на часовниците што инаку ги знаеме и ги користиме секој ден. Едноставен е со кружен облик, но наместо стрелки се поставени густиа црна нитки кои личат на трепки и го прикажува времето на невообичаен начин. Таа самата објасни дека овој часовник е наменет да понуди контемплација за времето, а не само да го пуштиме помине, или па едвај да чекаме некои часови да поминат. Поточно, импровизирана трепките прикажуваат како секојдневните моменти почесто треба да ни бидат драгоцени, бидејќи некои од најубавите моменти од нашите животи може да ни поминат “додека трепнеме”. Повеќе информации можете да дознаете од видеото.
Посетено 298 пати