Слатко од дуњи

[fblike]

dunja slatko
Во минатото многу почесто се одгледуваа дуњите кои се користеа за подготовка на пити, компоти и слатки. Нешто што се случува и денеска, но во помал размер.
Не баш вкусна сирова, дуњата е прекрасна кога ќе се зготви, а една од наједноставните и највкусни нејзини варијации секако е слаткото од дуњи. Специјалитет кој особено е актуелен сега, во октомври и ноември, месеците во кои е сезоната на дуњите.
Состојки:
Дуњи – 2 кг.
Шеќер – 1.5 кг.
Лимон – По вкус
Ореви – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Измијте и исечете ги на половина дуњите. Исчистете ги од семки, излупете ги и потоа ставете ги во сад со вода со цел да не оксидираат. Потоа исечете ги на коцки.
Чекор 2:
Во подлабока шерпа ставете шеќер и вода, измешајте додека не се стопи шеќерот и додека водата не почне да врие. Кога тоа е готово додадете ги исечканите дуњи и варете уште околу 10-15 минути додека смесата не се згусне.
Чекор 3:
Пред крајот на варењето додајте ги сецканите ореви и лимонот сечен на кругчиња. Свареното слатко покријте го со влажна крпа и оставете го така преку ноќ.
Чекор 4:
Утредента спакувајте го во регли и затворете ги со целофан или пак со капаци. Во теглите можете да додадете парчиња ореви и кришки лимон.
Посетено 486 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!