Си заљубив едно дрво

cactus_majkatiitatkoti[fblike]
Една пролет кога бев во основно една нејќеше да
се фати со мене, сум и’ бил многу низок и
додека така разочарано, со скршено срце шетав низ парк
здогледав една жалосна врба, со огромна долга крошна
Сте осетиле љубов на прв поглед ?
Ете тоа ми се случи
Неколку дена по ред после часови
идев кај неа , нешто и правев муабет,
и ги чешлав долгите гранки или
ја редев со лампиони
и така се фативме
Другарите кога дознаа почнаа да ме разубедуваат
„а бе што ќе ти дрво, фати си нормална женска,
што ќе кажат твоите кога ќе дознаат“ и сл. глупости
Нормално моите збеснаа кога дознаа ама постепено
се навикнаа … еднаш ги однесов , се запознаа,
видоа дека е најубавото дрво во парк
и од тогаш не ми мрчеа
Така јас со месеци си уживав, имавме супер секс
мада цело време стоечки пошто нели
не можев да ја легнам од разбирливи причини
ама нашата љубов им засмета на оние од Флора-Мунди
и ме пријавија за дендрофилија
Од кај да знам па јас, 13 годишен копиљ
дека е забранет секс со дрва ?
За среќа си најдов добар адвокат и само ми забранија
2 год. да бидам интимен со било какво растение
освен со кактус.. ама ни јас не сум будала..каков кактус?
Она полошо помина… ја осудија за педофилија
И за казна и’ ги исекоа гранките.
Леле колку ружно изгледаше така „ќелава„
И раскинав со писмо, не можев во очи да и’ кажам
Посетено 965 пати