Беспилотни Летала Како Келнери Во Ресторан Во Сингапур

[fblike]

Летечки помагачи

restoran-drone-pocetna
Сингапурскиот ресторан Timbre @ Substation може да се пофали со одличен кадар кој одсега е побогат за неколку летечки членови. Имено, освен келнери оброците ги сервираат и со помош на неколку беспилотни летала.

Сингапурскиот ресторан Timbre @ Substation воведе нов систем на служење. Тоа е беспилотно летало што на гостите им врши достава на храна и пијалак. Сепак, овде не станува збор за технологија која ги заменува луѓето, но прераспределба на работата  на келнерите може да им обезбеди повеќе време, со цел да се посветат целосно на гостите во ресторанот за да им обезбедат добра услуга,  додека леталата ги собираат и ги носат нарачките.
Ова не е првпат еден ресторан да се обиде да им ја олесни работата на своите келнери. Неколку ресторани во САД веќе се обидоа да воведат систем на беспилотни летала, но без многу успех, бидејќи леталата се покажаa премногу опасни за гостите.
Сепак, сингапурскиот ресторан Timbre се учеше од нивните грешки и дизајнираше летала кои се специјално програмирани за успешно да ги избегнат статичните објекти и другите летала, а интересно е што можат да летаат во формација.
Дали овој тренд наскоро ќе стане реалност и во нашата земја?

restoran-drone-01 restoran-drone-02

Посетено 1.599 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!