Секоја втора жена е жртва на психичкото, а секоја трета на физичкото насилство!

Како што ветив, следува вториот дел и ако и овој ќе биде успешен ќе има и втор. Инаку за оние кои не се во тек, ова е продолжение на Удри жена?

Од како пробав да го дооловам физичкото, на ред доаѓа психичкото… хм… знаете ли дека секоја втора жена е жртва на психичко насилство, додека секоја трета е жртва на физичко? Мхм. Тоа значи дека психичкото е многу прораспострането од физичкото…

Јас не сум нит психолог, нит психијатар, ниту не знам каков експерт… Јас сум само жена, која ги гледа и двете страни, будно следејќи ги сите „совршени врски“. Така што навистина немам никаков кредибилитет да зборувам на долго и широко за оваа тема… Можам само онака народски, од срце што се вели…

Ќе видиш ти! Само ако…

  • Доколку дошло до уцени од типот „ќе видиш што ќе ти направи татко ми, ќе видиш кога ќе му кажам на брат ми…“ тогаш фрлете и’ пепел на врската, ама онака реално. Пепелдосајте ја. Чим вие не се чувствувате доволно моќни за самите се справите со проблемот, а често знаеме каков вид на проблеми се тие, тогаш тој не ви е потребен во животот. Ни под разно.
  • Не дај боже тој да ве уценува со нешто од типот на експлицитни снимки/слики и сл., тоа може да е предмет за полиција и судските органи…

Жена не може да ви се заканува со експлицитни снимки. Толку е…

Ти не вредиш, ти треба да се утепаш…

Блах.

  • Те навредува на секое, додека седите во друштво те прави „лом“ од зезање кое ги надминува сите граници, те понижува и те деградира на секое животно поле правејќи те бедна? По богу, зошто си со него се’ уште? Никој на светов не заслужува де биде омаловажуван, најмалку од „сродната душа“. Премногу е контрадикторно!
  • Жена може да споредува и може да навредува, и тоа е навистина многу глупо, мислам кој и да прави е глупо.

Зошто да се навредувате? Зошто да се обидувате некого да го понижите? Ќе се почутвувате ли „поголеми“ и „посилни“? Не верувам. Навредите и комплексите се одраз на вашата личност и култура.

Бившата/Бившиот не беше ваква/ов…

  • Има едно правило кое гласи: „Да би била добра, не би била бивша“, е сега се однесува и на двете страни. Но, не заборавјте дека некој и за вас тоа го мисли. Можеби бившата била совршена, но дали ти си? Според тоа, сите понаредни споредби се тотално без врска, немаат никаква смисла и звучат повеќе од банално. Секоја личност е индивидуа за себе, ако ти сметаш дека заслужуваш подобро, повели, барај ја среќата на друго место. Ако мислиш дека бившата ќе те прими, тогаш зошто воопшто те испуштила? Get over it!
  • Жените знаат да бидат исто така змии околу оваа тема. И повторно… ако не те прави среќна, треба да си заминеш од оваа луда врска. Не тажиш по бившиот, тугу тажиш по едно друго време… време кое не се повторува со сегашниот. Нах. Можеби ќе најдеш некој кој ќе ти даде 1.000.000% повеќе од претходниот, а бившиот не е тоа, дефинитивно.

Ме вараш!

  • Констатација без докази, да е уште пострашна работава… Доколку сметаш дека вара, тогаш увери се во тоа, па плесни и’ го в лице и замини си. Simple as that!
  • Жените исто се сомневаат, само не обвинуваат. Бурно копаат по телефоните дење-ноќе.

И во двата случаи: ако немате доверба и саглам комуникација, ништо не правите…

Ти си крив/а што сум ваква/ов…

  • Сериозно? Таа те тера да пиеш, да искачаш по кафани до 01:00 и едвај да те бркаат за фајронт? Таа е крива што ти не сакаш да најдеш стабилна работа и што манијачиш други девојчиња? Блах. Ако мислиш дека е крива, што си со неа, па да станеш новиот Бил Гејтс?
  • Исто. Не може тој да биде крив. Крива си ти што си со него…

Ако мислите дека заслужуваат да ја гледаат само вашата срањовита страна, тогаш се прашувам што воопшто сте заедно? Ако не ве прави среќен/на… тогаш одете си и побарајте ја утехата на друго место! Станете подобри и додека сте сами… тогаш можеби ќе сфатите дека префрлањето на топката на вина е само за децата… и дека е најглупавата одбрана што можете да ја примените!

Повеќе за психичкото односно емоционалното насилство:

Третиот дел е економскиот. Stay tuned!

Марија Прличкова

Посетено 1.277 пати