Удри жена? Тукушто ги изгуби и двата тестиси, честитам!

Од кога почнав да пишувам за моите омилени „Мајка ти и татко ти“, не можам да избегам од бубањот на сериозни теми… пишував за животните најпрво, за жал за насилството врз животните, потоа за депресијатаза самоубиството, за анксиозноста и за уште многу сериозни теми, но најчесто за овие… и тоа по неколку пати.

Овој пат ништо нема да е поинаку… овој пат пишувам за насилството во врската, без разлика дали се во врска или во брак… Спречете на време, за да не биде потоа предоцна. Сигурно не сакате да имате деца кои ќе имаат длабоки трауми уште во најраното детство, не сакате ниту да земаат пример од нив, ниту пак да се плашат да се заљубат… Немојте, спречете на време.

Се прашувам каков човек треба да бидеш за да удриш послаб од тебе? Од ќеф, од онака… пошто ти дошло? Затоа што се сретнала со некој на улица, затоа што прифатила рандом човек на фејсбук, затоа што заследила некој… Причините се многубројни. Јас не велам дека треба секого да се прифаќа и заследува, ама зошто не го постават прашањето: Зошто? Дали е неопходно… ако веќе му смета.

И девојките не знаат понекогаш да останат покуси, па веднаш почнуваат со споредби со поранешниот, дечкото/мажот на другарката, се закануваат дека ќе си отидат или ќе им кажат на татко им/брат им.

Ова е до двете страни:

Зошто веднаш со удирање? Зошто веднаш со закани? Зошто веднаш со омаловажување и понижување? Зошто веднаш со уцени? Зошто веднаш со споредби?

Ајде ќе ги распределам по точки: (Ова е првиот, а ако вроди со плод првиов, ќе има и втор…)

Шлаканица, по шлаканица…

До жените:

Ве удрил еднаш поради најбанална причина, најчесто така почнуваат шлаканиците, затоа што доколку сте извршиле неверство или нешто посериозно, вистинскиот маж само ќе си замине, слично што би направила и вистинската жена. Мирно ќе исчезне од вашиот живот и ќе се потруди никогаш повеќе да не влезете во неговиот/нејзиниот. Освен ако не ви пружи прилика да се објасните и реши стварно да ви прости (тоа значи да не ви го пререкува цел живот).Ве удрил и ви се извинил. А вие слепо верувате дека навистина нема да дојде до следна шлаканица, следен посилен удар кој може да прерасне во млатење, ноуноу…

После првиот шамар се става точка една зацемтирана. Секоја нова точка по неа претставува само продолжение…

Немојте да западнете во Стокхолм синдром… навистина не ви е потребен во животот, самиот збор синдром е доволен за да ве оддалечи од идејата, нели?

Патем, мажот кој еднаш удрил жена, ги изгубил и двете муда… 😉 Што ќе ви е уште една жена во врската, ако не сте лезбејка?

До мажите:

Ако жената ве удри, а вие трпите, не знам што да ви кажам… освен зошто сте со неа воопшто? Освен ако не сте мазохист… тогаш ќе се обидам да сфатам дека имате некакво пореметување.

Ако мислите зошто за жената пишувам цели реферати, а за мажот само едно, не е дека ги дискриминирам мажите, не двата пола се исто рамноправни. Само што жената кога се заљубува станува слепа, а најчесто кога мажот е заљубен и жената манипулира со неа, најчесто за тоа не е ни свесен. Додека не му пукне филмот и си замине или ја изневери…

И плус, важите за мажи кои треба да ги заштетат жените, а не да ги малтретираат.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 4.140 пати